Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

basarica1 resize

Општина Делчево ја започна постапката за изработка на техничка документација на ниво на основен проект за изградба на улици предвидени со ДУП за населбата Басарица во вкупна должина од 2.126 метри.

Новопредвидените улици со ДУП за населбата Басарица се дел од уличната мрежа на градот Делчево и од значење за економскиот развој на Општината, како и подобрување на квалитетот на животот на самите граѓани.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека за населбата Басарица, прв пат од нејзиното формирање, се изработува техничка документација за патната инфраструктура.

-За жал, досега во оваа населба се нема асфалтирано ниту една педа од улиците, а во населбата има стотина градби и моменталната коловозна конструкција од земјен материјал, а има и непроодни делови, не ги задоволуваат потребите за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот и создава големи проблеми на жителите. Изработката на техничката документација ќе значи почеток на решавање на овој горлив проблем во населбата. Со изработената техничка документација ќе имаме  можности да аплицираме за средства за изградба на инфраструктурата по различните фоднови од буџетот на државата или странски фондови, истакна Трајковски.

Share/Save/Bookmark