Вторник, 17 Јули 2018 12:13
Многудетното семејството Иликовски од Разловци кое живее во социјален ризик доби донација од градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Донацијата е обезбедена од сопствени средства на градоначалникот Трајковски, а се состоеше во кујнски елементи, односно, работна маса, судопер и други потребни елементи кои донекаде ќе им ги подобрат условите за живеење на 8-членото семејство Иликовски. Иликовски имаат 6 деца на возраст од 5 до 14 години вклучени во образовниот систем и оваа помош за нив е добредојдена .
Градоначалникот Трајковски истакна дека оваа донација има за цел да се помогне на семејствата од социјален ризик и да им се покаже дека не се заборавени од општеството. Тој потенцираше дека ваква или слична помош и во иднина планира да донира на повеќедетни семејства во општината кои живеат во социјален ризик.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.