Петок, 20 Јули 2018 14:44
Во присуство на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, денеска во Берово се одржа 6 Седница на Советот на Источниот плански регион на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои поставување на Меѓурегионален технолошки парк меѓу Вардарскиот и Источниот плански регион, одобрување средства за финансирање проекти за развој во регионот, потоа грантова шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони и повеќе предлог -одлуки кои се однесуваат на финансиска поддршка на руралниот развој за оваа 2018 година.
На денешната Седница се дискутира и за програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и руралниот развој, a ќе се донесe одлука за преотстапување на спомен- обележјето на местото на кое загинал Никола Карев- Свиланово.
Според Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа, ветувањата за зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој веќе се остваруваат, бидејќи со програмирањето на новиот буџет за 50% се зголемени во однос на претходните години.
„Како Влада сме задоволни од проектите кои аплицирале од источниот регион, во Министерството за локална самомуправа и Агенцијата за рурален развој, можам да кажам дека овој регион има добиено вкупно 11 проекти кои се од сферата на туризмот и животната средина. Верувам дека ние како Влада ќе продолжиме уште повеќе да се трудиме да обезбедиме уште повеќе средства за рамномерен регионален развој, истакна Фазлиу.
Тој додаде дека постапката за изработка на анализа за степен на развиеност на планските региони, е планирано да започне наредната недела во рамки на проект кој ќе се реализира со Швајцарска Амбасада. За нејзина изработка ќе бидат ангажирани повеќе експерти кои детално ќе ја анализираат состојбата и за кратко ќе го имаат и финалниот документ.
Во делот на работата на веќе формираните бизнис-центри, Фазлиу истакна дека и за оваа намена се издвоени повеќе средства, а истите треба да бидат во насока на обезбедување детални информации за местото, ресурсите кои им стојат на располагање и потребната документација за локално или централно ниво на сите потенцијални приватни странски инвеститори.
Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски кој присуствуваше на Седницата истакна дека со зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој предвидно во новиот државен буџет значително ќе се придонеси кон реализација на инфраструктурни проекти кои, од своја страна, ќе придонесат за развој на општината и на регионот, односно ќе донесат подобрување на квалитетот на животот граѓаните
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.