Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1.5 1.6

Одигран пријателскиот фудбалски турнир во Банско, Р.Бугарија на кој силите ги измерија пет екипи од Делчево и пет од соседна Бугарија. Четириесет млади фудбалери од Делчево на возраст од 12 до 15 години поделени во пет екипи вчера зедоа учество на Турнирот кој се спроведува врз база на „Евима футбол“, лиценцирана од ФИФА за спроведување спортски активности. Главен спонзор и организатор на иницијативата е Фондацијата „Бугарско сеќавање“, чии програмските приоритети се насочени кон иницијативи за најмладите со цел развој и унапредување на добрососедските односи со перпектива на заедничка европска иднина на Балканот.

Фудбалерите од Делчево дома се вратија со освоено прво место на турнирот, најдобар стрелец на турнирот – Валери Стaменовски и најдобар голман на турнирот – Лука Цветковски.

1.2

Share/Save/Bookmark