Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0099_resize

Со цел координирани активности и добра организација на традиционалните „Голачки фолклорни средби“ кои по 24 пат ќе се одржуваат на планината Голак на 08.08.2018 (среда), на иницијатива на Општина Делчево денеска се одржа состанок на кој се формираше Координативното тело во кое влегуваат сите надлежни институции кои се одговорни и даваат придонес за зачувување на јавниот ред и мир и безбедноста на посетителите на настанот.

На состанокот присуствуваа Стојан Димитровски, командир ПС ОН Делчево, Даниела Митревска, началник на РЦЗГР-Исток, д-р Марија Глигоровска, директор на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“, Ванчо Постоловски, командир на ТППЕ Делчево, Љупчо Петровски, директор на ЈПШС-ПЕ „Голак“, Стојче Стојковски, директор на ЈПКД „Брегалница“ Делчево, како и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и Ванчо Новоселски, советник за образование во Општина Делчево.

На состанокот беше заклучено дека институциите е потребно да ги преземат сите мерки кои се во нивна надлежност, а посебно беше потенцирано организирањето на сообраќајот и обезбедување на просторот за паркирање при што се апелира до сите гости да ги почитуваат мерките што ќе бидат преземени од страна на претставниците од ПС од Делчево и од РЦЗГР Исток. Исто така, се апелира до граѓаните да не се палат огнови на отворено, поради опасноста од шумски пожари.   

DSC 0097_resize

Share/Save/Bookmark