Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

burgas2

Во конуренција од 19 фолклорни друштва од Русија, Грција, Бугарија , Романија , делчевските играорци  од КУД „Гоце Делчев“ освоија три први награди на меѓународниот фестивал „Фолклорни празници на морето“ што традиционално се организира на Црноморското крајбрежје во Бугарија.

Настапот на детскиот фолклорен ансамбал ја воодушеви публиката во Каменар каде се одржа финалната вечер на фестивалот при што се закитија со прва награда за играорно искуство, а го освоија и првото место од стручното жири, како и престижната награда Гранд при на фестивалот и  златниот пехар. Играорците добија посебни признанија од градоначалникот на Ајтос, како и од Општина Поморие.

Во својот 10—минутен настап, играорците се претставија со своја кореографија на познатото оро „Софкино“, потоа делчевското „Ситно“, а настап имаше и солистот Искра Ѓеоргиевска која ја интерпретираше старата макеоднска песна „Македонско девојче“, а во ревијалниот дел настапи победникот од „Канео фест“-фестивал во Охрид, Горан Симевски.

Кореографот, Зенил Реџепов, истакна дека играорците ги исполниле неговите очекувања, а наградите се резултат на долготрајната и упорна работа,  но и на ентузијазмот на играорците.

- Прв пат учествуваме на овој реномиран фестивал и посебно сум горд на моите играорци кои на сцената го претставија во полн сјај македонскиот и делчевскиот фолклор. Можеби ќе звучам нескромно, но јас очекував награда, но дека ќе бидеме најдобри од најдобрите и за мене беше изненадување. Ова е потрврда за нашата работа во делот на сочувување и промоција на фолклорното богатство од нашето поднебје, рече Реџепов.

 Играорците од КУД „Гоце Делчев“ во агендата за ова лето имаат учество на уште два меѓународни фестивали. Во моментов, тие се подготвуваат за настап на меѓународниот фестивал  „Пријателство“ во  Горажде, БИХ. Настапот на овој фестивал е најавен за на 4 август, а во периодот од 12 до 15 август, ќе следува настапот во збратимениот град Јагодина на фестивалот „Летна сцена Јагодина“.

burgas1

Share/Save/Bookmark