Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Игор Џамбазов и Гуру Харе со бенд ПЛАКАТА resize

Општина Делчево бесплатно ќе доделува локации за вршење угостителска дејност во градскиот парк  на настанот  кој се организира во пресрет на Голачките фолклорни средби. На летната сцена во центарот на градот на 7 август со почеток во 21 часот ќе се реализира голем концерт на познатиот музичар и шоумен Игор Џамбазов и бендот на Гуру Харе, а како предгрупа ќе настапи групата „Шекспир“.

По тој повод определени се 5 локации за вршење угостителска дејност, а нивното распределување ќе биде по принципот прв дојден-прв услужен.

Заинтересираните лица да се пријават кај лицето Емил Тасев, вработен во Општина Делчево, најдоцна до 06.08.2018 (понеделник).

Share/Save/Bookmark