Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 31.07.2018 година се објавува: 

ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Да си помогнеме едни на други” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево. 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување. 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

 Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

  1.  -Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – 2 (два) извршители;
    Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност; 
  2. - Личен асистент во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево – 1 (еден) извршител;
    Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност; 
  3. -Образовни асистенти во двете основни општински училишта – 9 (девет) извршители;
    Потребни квалификации – ВСС (педагог, социолог, дефектолог, психолог, логопед и др.наставни профили), комуникативни вештини, емпатичност, толерантност

Заинтeресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 07:30 до 15:30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

 Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево кај лицето Билјана Прачкоска, Центар за социјална работа Делчево кај лицето Благој Стоименовски.


АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РМ                                                                                                                                                                                                                  ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО
Центар за вработување Делчево                                                                                                                                                                                 Градоначалник
Раководител                                                                                                                                                                                                                 Горан Трајковски
Билјана Прачкоска

Share/Save/Bookmark