Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0098_resize DSC 0100_resize

DSC 0104_resize

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, Илинденското востание 1903 и АСНОМ 1944 година. Одбележувањето се одвиваше пред спомен- обележјата кои го чуваат споменот на револуционерната борба од Илинденскиот период, како и од НОВ.

Пред споменикот на великанот Гоце Делчев, играорците од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево прочитаа реферат за значењето и улогата во револуционерната мисла, борба и аманет на Илинденското востание по што делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски се поклони и положи свежо цвеќе. Пред споменикот на великанот Делчев, свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани. Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде членовите на КУД „Гоце Делчев“ потсетија на НОВ и Првото заседание на АСНОМ каде се удрени темелите на македонската држава, по што градоначалникот Трајковски, претставници од политичките партии, институции и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе.

DSC 0110_resize

DSC 0113_resize DSC 0115_resize

DSC 0117_resize DSC 0120_resize

Одбележувањето на Илинден продолжува во с. Ѕвегор покрај манастирот „Свети Илија“, каде традиционално се одржува голем црковно-народен собир со богата културно уметничка програма.

Градоначалникот Трајковски потенцирајќи го значењето на двата Илиндена истакна дека Македонија цврсто чекори на патот кон Европа, кон стандардите на граѓаните во Европа, длабоко почитувајќи ги историските придобивки и пораки од храбрите востаници и партизани.

-Нивниот аманет нѐ обврзува да ја чуваме оваа македонска земја, со векови заливана со крвта на револуционерите, да го трасираме нејзиниот пат во иднината, да ги оствариме вековните стремежи за европска Македонија со сите стандарди и човекови права. Македонија е на добар пат да ги оствари овие цели и гордо да чекори во иднината, рече Трајковски.

Историските записи сведочат дека почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена.

 Но, четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија

DSC 0142_resize

DSC 0143_resize

DSC 0146_resize

DSC 0148_resize DSC 0159_resize

DSC 0163_resize

DSC 0164_resize DSC 0167_resize

DSC 0171_resize

DSC 0173_resize

DSC 0176_resize

Share/Save/Bookmark