Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

basket resizeimage

Советот на млади на Општина Делчево организира ноќен турнир во баскет. Турнирот ќе се одржи на 14. 15 и 16 август,  а Советот на млади ги повикува сите заинтересирани екипи да се пријават најдоцна до 10.082018 во Општина Делево за учество на турнирот.

Претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски, истакна дека повеќе детали во врска со организацијата на турнирот ќе бидат соопштени деновиве.

- Ние сакаме да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево во овој летен период, а организацијата на еден ваков турнир го дава сето тоа, дружење , натпреварување и забава за младите делчевци. Засег има  голем интерес кај младите, па очекувам да се пријават доволно екипи, за да направиме една убава спортска забава за младите, рече Тренчевски.

Советот на млади во Делчево беше конституиран пред два месеци и оваа е прва нивна активност.  

Share/Save/Bookmark