Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

состанок

Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски беше во официјална посета на Општина Горажде од БИХ во рамките на Меѓународниот фестивал „Пријателство“ што по 21 пат се одржува во оваа општина.

Посетата на Општина Горажде следува по поканата од градоначалникот, Мухамед Рамовиќ и е резултат на културната соработка меѓу двете општини.
Во рамките на посетата беше остварен и прием на делчевската делегација кај градоначалникот Рамовиќ каде двајцата градоначалници разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете општини и за градење на пријателство што ќе отвори поле, меѓу другото и за економска соработка, но и за збратимување на Делчево и Горажде.

Трајковски оствари средба и со претставници од Советот на Општина Горажде, како и со првите луѓе задолжени за културните активности на Општина Горажде.

Во рамките на посетата делегацијата на Општина Делчево оддаде почит и положи свежо цвеќе на спомен-обележјето посветено на загинатите деца во воениот конфликт во 1992 год.
На фестивалската сцена настапи КУД „Гоце Делчев“ од Делчево кој пред фестивалската публика се претстави со кореографии од македонски и делчевски ора.

состанок

пресс

Share/Save/Bookmark