Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Покана 1страна resize

Општина Делчево очекува над 120 учесници на првиот Бизнис-форум кој се организира под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“. Подготовките се при крај, а учеството на Бизнис-форумот потврдија општини збратимени со Општина Делчево и претставници од бизнис-секторот од овие општини (Рача-Р Србија, Борнова- Р. Турција), потоа соработници на Општина Делчево од земјава и странство,  претставници на бизнис-секторот од општината, регионот, од државава, како и од соседните држави, иселеници во странство, институции.

Целта на бизнис-форумот е да се видат перспективите за развој на Општина Делчево, да се слушнат предлозите од бизнис-секторот и нивните идеи со кои можат да се дореализираат започнатите проекти, да се создадат нови. Општина Делчево дава можност секој да се чувствува корисен и да придонесе во развојот на Делчево.

Бизнис- форумот ќе се одржи на 07.08.2018 во ресторан „Либеро“ во Делчево со почеток во 19.00 часот, регистрација на учесниците со почеток во 18.30 

Share/Save/Bookmark