Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 07.08.2018 година, донесe

РЕШЕНИЕ за свикување на Дванаесеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево

I

Дванаесеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 14.08.2018 (вторник) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од Eдинаесеттата седница на Советот на Општина Делчево

1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Анка Христова-Раководител на Одделението за финансирање и буџет.

2.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект „Изградба на улици во населба Басарица, ул. “СвТроица“, „Киселичка“, „Бигланска“, „Драмечка“, „Басаричка“ и „Селничка„;

3.Предлог-Одлука за утврдување на намена на проект „Изградба на улици во населба Басарица, ул. “СвТроица“, „Киселичка“, „Бигланска“, „Драмечка“, „Басаричка“ и „Селничка„;

4.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект Фекална канализација што поминува низ дел од населба „Басарица“ и дел од постојна населба покрај Локален пат Л-2 Делчево-с.Киселица-с. Вратиславци-Општина Делчево;

5.Предлог-Одлука за утврдување на намена на проект Фекална канализација што поминува низ дел од населба „Басарица“ и дел од постојна населба покрај Локален пат Л-2 Делчево-с.Киселица-с. Вратиславци-Општина Делчево;

Образлагач: По точките 2,3, 4 и 5-Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

6.Предлог-Решение за разрешување на членови во Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево, претставници на Советот на родители;

7.Предлог-Решение за именување на членови во Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево, претставници на Советот на родители;

8.Предлог-Одлука за давање на согласност за формирање на групи со поголем број на деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

9.Предлог-Одлука за давање на согласност на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за обезбедување престој и исхрана за деца над 6 години;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

10. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат помошен објект за селско стопанство по барање на Миле Јовановски;

11. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат помошен објект-кочина за одгледување на свињи по барање на Миле Јовановски;

12. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат станбена луќа по барање на Горанчо Богдановски;

13. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за урбана единица 2. Дел од блок 2.7 „Централно градско подрачје“-плански период 2015-2019 Општина Делчево;

14. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат станбена куќа на Горан Радисавов;

Образлагач: По точките 10, 11,12,13 и 14-Горан Петровски-Советник за урбанизам.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Бр.09-1318/1
07.08.2018 год.
Д е л ч е в о  

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

                                                    

Share/Save/Bookmark