Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0095_resize DSC 0098_resize

Над 120 учесници се дел од првиот Бизнис-форум што го организира Општина Делчево. Под мотото „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ во ресторанот „Либеро“ на Бизнис-форумот вечерва учествуваат соработници на Делчево, луѓе родени овде, но животот ги однел во други градови и држави, поединци кои со својот труд и заложби развија успешни бизниси,претставници од институции, гости од збратимените градови Рача, Србија и Борнова од Измир-Турција.

DSC 0125_resize

Целта на овој Бизнис-форум е да се презентира Општина Делчево како одлична можност за инвестиции, истакна градоначалникот Горан Трајковски пред присутните гости на Форумот.

-Од овде вечерва сакаме да порачаме дека секој поединец од свој аспект на делување придонесува, но може и уште повеќе да придонесе за развој на нашиот роден град и секој да се чувствува корисен дека дел од неговите заложби се вткаени во успешната приказна на Делчево. Вечерва ја презентираме нашата работа, можностите за инвестиции, но пред сѐ, сакам да ги слушнам луѓето кои можат многу да придонесат во развојот на Делчево- да ги слушнам идеите за развој на Делчево и  плановите за инвестиции во родниот град, истакна Трајковски.

Тој ги потенцираше условите и можностите што ги нуди Делчево за нови инвестиции.

-Зоните наменети за лесна индустрија, како што е ТИРЗ и каде  досега нема ниту еден инвеститор, е поделена на 4 зони и има предвидно околу десет плацеви наменети за изградба на капацитети за лесна незагадувачка индустрија. Тука е и Сервисната зона. Но, за подобрување на квалитетот на услугите и на животот на граѓаните, како општина подготвивме комплетна техничка документација заедно со проектно решение за изградба на современ градски пазар каде очекуваме форма на јавно-приватно партнерство. Исто така, детското одморалиште на Голак чека инвеститори под истата форма-идеално за развој на здравствениот туризам. На Голак имаме ДУП , има предвидено локации и треба да почне да се размислува за враќање на сјајот на Голак како туристичка дестинација.Овде накратко ќе ја споменам и доизградбата на градската црква посветена на Светите браќа Кирил и Методиј. Со нејзината доизградба Делчево ќе добие еден од најубавите храмови во регионот. Има уште доста можности кои вечерва ги отвораме пред нашите гости и пријатели, потенцираше Трајковски.

На Бизнис-форумот беше презентиран видеоматеријал за  Делчево низ историјата и вредностите на Општината, проектите кои се во тек на реализација и планирани активности, можностите за развој на бизнис во Делчево, можностите што ги нуди Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, Можности во делот на образованието-Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Делот за дебатата е во вториот дел од форумот под мотото „Идеи за развој на Делчево“.

DSC 0110_resize

DSC 0113_resize

DSC 0119_resize

DSC 0126_resize

Share/Save/Bookmark