Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0014_resize DSC 0016_resize

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Делчево беше организиран прием за делегациите од збратимените градови Борнова , Турција и Рача, Србија.

Општината Борнова во Турција веќе долги години е збратимена со Општина Делчево, а нејзинот претставник Мевлут Хепсебен кој е иселеник од делчевско Габрово и синоќа беше дел од форумот истакна дека овие средби се важен чекор за зацврстување на заедничката соработка.

– Борнова има големи потенцијали за развој, а соработката со Делчево која се одржува веќе 14 години значи дека бизнисмените оттаму може лесно да остварат контакти со овдешните стопанственици. Досега оваа соработка, главно, била од областа на културата, истакнува Хепсебен.

Претседателот на Општина Рача, Ненад Савковиќ,  на средбата со Трајковски истакна дека досегашаната соработка која се одвивала на полето на културата и образованието треба да се подигне на повисоко ниво.

DSC 0017_resize

-Двете општини како долгогодишни пријатели, треба да воспоставиме поблиска соработка и на полето на ЛЕР и на економијата. За таа намена сакаме да иницираме неформална средба со претставници од надлежните одделенија од општините за да можеме да размениме искуства и да ја продлабочиме соработката во насока на развојот, истакна Савковиќ.

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност за присуството на делегациите на првиот Бизнис -форум и потенцираше дека пријателствата со овие општини ги прошируваат можностите на соработка и отвораат перспективи.

Делегациите вечерва ќе присуствуваат на 24. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби“, а Фолкорниот ансамбал „Радое Домановиќ“ од Рача ќе се претстави со свои кореографии на летната сцена на Голак. 

DSC 0001_resize

Share/Save/Bookmark