Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

download

Општинската награда „7Септември“ годинава Општина Делчево ја доделува за прв пат, а добитниците на наградата се истакнати поединци во своите области на делување. Според пријавите по Конкурсот, сите добитници имаат богата биографија во која се потенцирани посебните достигнувања во различни области. 

Наградата за посебни достигнувања во областа на здравството во Општина Делчево ја добива прим.д-р Виолета Арсова, педијатар во пензија. Д-р Арсова, иако е во пензија, сѐ уште е активна и се залага за подобар пристап до здравствените услуги на пациентите, активна е во невладиниот сектор, каде има советодавна улога,член е на Комисијата за права на пациентите, а со НВО КХАМ има континуирана соработка во делот на унапредување на здравјето на Ромите и другите маргинализирани групи, како и активна улога во надминување на негативните наративи на здравствените работници кон Ромите.

Наградата за посебни достигнувања во областа на спортот, годинава ја добиваат двајца истакнати спортски работници, Горан Велков и Љупчо Стојчевски.

Велков е актуелен тренер на РК „Вардар“ во Делчево и со своите ракометари има освоено 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени пехари на спортските дуели во државава и надвор од неа. Во 2004 година ја добил наградата за најдобар тренер во Македонија за работа со млади категории, а во 2014, Здружението на просветни работници од Општина Делчево му доделува признание за истакнат просветен работник на ниво на Општина, а беше назначен за регионален координатор на Федерацијата за училишен спорт за Делчево, М. Каменица, Берово и Пехчево.. Во 2011 го формира женскиот ракометен клуб, со што го враќа ракометот во Делчево на старите патеки.

Стојчевски како спортски работник исклучително придонесува за развој и промоција на спортот, посебно во афирмација на кикбоксот. Тој е тренер,селектор на КБФ на Македонија, организатор на повеќе државни првенства, но и меѓународен судија во кикбокс и со својот ангажман како дел од стручниот тим на КБФМ дал голем придонес во освојувањето на многу медали на балкански, европски и светски првенства.

Средношколката од „Јахја Кемал“, делчевката Кристина Петровиќ, ја добива наградата за посебен придонес во образованието. Кристина има освоено 48 дипломи. Два пати била првак на натпреварите по математика, а има освоено многу втори и трети места на државни, регионални и на општински натпревари по математика и физика и вкупно 3 бронзени медали на македонски олимпијади по математика.

Наградата за посебни достигнувања во областа на филмската уметност ја доби режисерот, сценарист и писател Андреј Илиевски-Волкашин. Последниот негов голем успех е наградата за најдобар краток филм на фестивалот ТОНЕИНС ИФФ во Франција за краткометражниот филм „Коливо“ снимен во делчевското село Град. Досега филмот беше емитуван на филмски фетсивали во неколку европски земји и Канада, а ќе биде дел и од 39 Браќа Манаки– Интернационален фестивал на филмска камера во Битола. Потписот на делчевецот Андреј го има на уште неколку кратки филмски остварување, а првиот роман со наслов „Потрага по космосот“ го објавува на 18 години. Оваа година го промовираше вториот роман „Тажна приказна за среќни луѓе“. Делчевецот Андреј има завршено филмска уметност на Националната академија за филм и театар во Софија.

Делчевскиот уметник Петар Атанасов-Пепи е добитник на општинската награда „7 Септември“ за особен придонес во ликовната уметност. Автор е на над 5000 дела, а чест мотив му е старо Делчево. Првата изложба ја реализира во 1988 година. Учесник е на многу колонии, а зад себе има 50 самостојни изложби. Пепи деновиве активно работи на мурали на фасади од делчевските згради со што остава свој печат на центарот на Делчево и дава свој придонес во кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“.


Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Мај 2019, 19.22 од Д.Чапевски
2019-05-17-18-25-10 Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.33 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-39-42 Над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево  го облагородија паркот пред општинската зграда во Делчево околу споменикот на Никола Јонков Вапцаров. Денеска екипи на...
Објавено на 17 Мај 2019, 12.25 од Д.Чапевски
2019-05-17-11-29-03 Делчево денеска е домаќин на државното првенство во ракомет, како дел од финалниот турнир што го организира Федерацијата на училишни спортови на Република Северна Македонија. На завршниот турнир своите...
Објавено на 16 Мај 2019, 12.09 од Д.Чапевски
-143- Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на...
Објавено на 16 Мај 2019, 08.22 од Д.Чапевски
2019-05-16-07-29-57 По повод рамазанските пости градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ја организираше традиционалната Рамазанска ифтарска вечера на која покрај претставници на Исламската верска заедница при...
Објавено на 15 Мај 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-05-15-10-33-49 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Патувањето ќе трае 14 дена и е на...
Објавено на 14 Мај 2019, 14.29 од Д.Чапевски
2019-05-14-13-30-50 Согласно со Насоките од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, денеска се одржа состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево. Целта на состанокот беше да се...
Објавено на 14 Мај 2019, 12.02 од Д.Чапевски
2019-05-14-11-04-32 Привршува рехабилитација на патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин во должина од 5 км. Градежните работи на овој патен правец се завршени, според изведувачот ГП „Гранит“, останува уште...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
-143- Општина Делчево НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ со посебна чест и задоволство Ве покануваат на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 143 години од Разловечкото...
Објавено на 14 Мај 2019, 09.00 од Д.Чапевски
-23- 23. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.05.2019 година (понеделник) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Мај 2019, 08.03 од Д.Чапевски
-143-19052019 Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Дечево, ве покануваат да земете учество на традиционалниот планинарскиот марш организиран по повод 143 години од Разловечкото востание. Планинарскиот...
Објавено на 10 Мај 2019, 10.32 од Д.Чапевски
2019-05-10-09-34-43 По повод Европската недела на имунизацијата денеска во Делчево беа доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и...
Објавено на 09 Мај 2019, 10.16 од Д.Чапевски
2019-05-09-09-20-47  Со пригодна свеченост, денеска Делчево одбележа 74 години од победата над фашизмот и 69 години од Денот на Европа.  По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот,...
Објавено на 06 Мај 2019, 06.36 од Д.Чапевски
2019-05-06-05-39-10 Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани и креативни граѓани кои ги уредуваат своите дворови или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да...
Објавено на 04 Мај 2019, 10.09 од Д.Чапевски
-116- Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.35 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-38-59 Се подготвува уште еден парк во центарот на градот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, новиот парк ќе опфаќа површина од 2000м2, а планирано е комплетно хортикултурно...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.29 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-31-24 Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, Општина Делчево ќе избира најубаво уреден двор. Водејќи се од мотото дека секој...
Објавено на 03 Мај 2019, 21.25 од Д.Чапевски
-116 По повод одбележувањето на 116 -годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев и патрон на градот Делчево, на 4 мај во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на...
Објавено на 02 Мај 2019, 21.49 од Д.Чапевски
2019-05-03-20-54-09 Нови цвеќарници, саксии и нови цветни аранжмани ќе добијат зелените јавни површини во централното градско подрачје. Деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Секторот за паркови и зелени започнаа со...
Објавено на 01 Мај 2019, 21.33 од Д.Чапевски
-o- На 22. Седница, Советот на Општина Делчево ја усвои Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка на општините од Источниот и Североисточниот регион за основање меѓуопштинско јавно прeтпријатие за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес833
mod_vvisit_counterВчера2027
mod_vvisit_counterОваа недела833
mod_vvisit_counterПретходна недела17815
mod_vvisit_counterОвој месец42290
mod_vvisit_counterПретходен месец80252
mod_vvisit_counterВкупно2675198

Присутни online: 20
Ваша IP: 52.23.234.7
,
Денес: Мај 19, 2019