Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1ч

Учениците во прва година од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ денеска одржуваа часови во природа на планината Голак во рамките на Програмата за подобро запознавање на учениците со класните раководители преку еднодневна работна активност.

Директорот на СОУ „М.М.Брицо“, Љупчо Прачковски, истакна дека делчевскиот средношколски центар прв пат организира ваков настан по теркот на училишта од Европската Унија.

-Главна цел е со влегувањето на учениците во прва година во нашето училиште да им се овозможи преку ваквата викенд- програма, подобро да се запознааат со свиоте класни раководители , со програмата на училиштето, а со тоа да им се овозможи, тие самите полесно и поедноставно да ја осознаат средината во која ќе престојуваат следните четири години. На овој вид камп се предвидува  учениците и наставниците да не  носат мобилни телефони, рече Прачковски.

Градоначалникот Горан Трајковски кој беше дел од овој камп истакна дека идејата за еден несекојдневен час во природа, каде на едно место се и професорите и учениците е за поздравување. 

-Општина Делчево секоја година одвојува средства за стипендии за одлични ученици, одвојува средства за парични награди за освоени први места на државни и меѓународни натпревари. Ова го реализираме со цел да Ве поттикнеме да се вложите целосно во образовниот процес, да не се штедите да постигнувате резултати и успеси, бидејќи знаењето е единствената формула која ширум ги отвора вратите на вашата иднина.  Моите заложби како градоначалник се на нашите млади да им дадеме еднакви можности за образование, работа и личен развој, како што имаат нивните врсници ширум Европа, истакна Трајковски.

2ч

Тој ги повика учениците и професорите да работат на проекти.

- Вклучувајте ги младите во нивната реализација и користете ја нивната инвентивност. Посебно работете за да станете дел од семејството на Програмата Еразмус+.  Над 4 милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои и младите од Македонија, имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности. Еразмус+ вложува над 14 милијарди евра во стручно и занаетско образование, како и образование и дообразување на младите во кој било дел од Европа, порача Трајковски.

Согласно со предвидената програма, учениците во соработка со професионални планинари од ПСД „Голак“ реализираа планинарење до манастирот „Св. Пантелејмон“, во должина од 5 км заедно со класните раководители и членови од Советот на родители. Исто така, беше организирано  и предавање од областа на планинарењето, а беа реализирани и спортски натпревари, часови по ликовно воспитување, а беа отворени тематски дискусии со класните раководители и предметни наставници  присутни на овој камп.

4ч

6ч

Share/Save/Bookmark