Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0014_resize

DSC 0015_resize DSC 0016_resize

Делчево во празнична атмосфера денеска одбележува 74 години од ослободувањето и  27 години од независноста на Република Македонија. Во рамките на одбележувањето беше организиран прием кај градоначалникот н а Општина Делчево, Горан Трајковски  за поранешни градоначалници, поранешни и сегашни советници, истакнати личности, претставници на институции и здруженија на граѓани.

Во чест и во спомен на паднатите борци за слобода, пред Споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ потсетија на историските моменти и значењето на НОВ и борбите кои претходеа на ослободувањето на Делчево. Пред споменикот се поклонија и свежо цвеќе положија, делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Трајковски и министерот Аксел Ахмедовски, од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот Драган Маневски,  претставници од политички партии, институции и здруженија на граѓани.

DSC 0017_resize

DSC 0020_resize DSC 0023_resize

DSC 0026_resize DSC 0029_resize

DSC 0033_resize DSC 0036_resize

DSC 0039_resize DSC 0042_resize

DSC 0045_resize DSC 0048_resize

DSC 0050_resize DSC 0053_resize

DSC 0057_resize

На Свечената седница  организирана по повод празникот, претседателот Драган Маневски потсети дека 7 Септември е ден кога ние, потомците  продолжуваме со нова борба, борба и стремеж кон сигурна иднина за децата, за повеќе работни места, стремеж за нови инвестиции и нови отворени пазари, за технолошки развој и движење без граници.

-Од конституирањето на Советот до денес се одржаа 13 редовни седници и на седниците се водеше расправа по 246 точки на дневен ред. Донесени се повеќе одлуки за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица. Усвоени се извештаите за работата на училиштата, како и извештајот  за јавната безбедност и патниот сообраќај на патиштата на подрачјето на Општина Делчево. Донесени се и повеќе одлуки за проекти за аплицирање до различни фоднови кои имаат за цел да дадат придонес кон подобрување на условите и кавлитетот на животот на нашите сограѓани. Советот на Општина Делчево во целина, со многу одговорност и рационалност се однесуваше при донесувањето на одлуките и со право можам да констатирам дека нашата работа од почетокот до денес се одликуваше со конструктивност и рационалност, истакна Маневски.

 Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните гости и советници истакна дека секоја генерација си има своја борба.

- А, ние, денес, сме исправени пред нов предизвик-тоа е за нас света војна со влог во иднината – а тоа е влог за една стабилна и просперитетна држава, држава каде владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободи, ќе бидат основни постулати во општеството, во кое економскиот и технолошкиот развој и повисокиот животен стандард на граѓаните, ќе бидат реалност, а добрата идеја ќе биде поттик за натпревар. Ние сакаме иднина во која ќе ја донесеме Европа овде, дома, а не, ние и нашите деца да трагаат по овие стандарди во Европа. Во едно такво општество, ќе го градиме Делчево по европски терк. Тоа е мојата визија и борбата на мојата генерација истомисленици. Европско Делчево со сите нишани, од инфраструктура, до квалитет на животот, рече Трајковски.

Тој ги презентираше актуелните и планираните проекти за реализација и потсети дека во текот на оваа година вратени се околу 25 милиони денари долгови на Општината.

Во рамките на одбележувањето, беа доделени општинските награди „7 Септември“ на 6-мина истакна граѓани на Делчево, како и наградите за најубаво уреден двор.

DSC 0059_resize

DSC 0063_resize DSC 0064_resize

DSC 0074_resize DSC 0076_resize

DSC 0086_resize

DSC 0088_resize DSC 0092_resize

DSC 0095_resize DSC 0097_resize

DSC 0099_resize DSC 0101_resize

DSC 0102_resize DSC 0107_resize

 DSC 0108_resize DSC 0109_resize

DSC 0110_resize 

Во рамките на одбележувањето беше реализирана и пригодна културно-уметничка програма на која настапија децата од детската градинка „Весели цветови“, а со рецитал на тема„Мојот град“ се претставија учениците од двете основни училишта во градот. Свеченоста продолжи со концерт на делчевските уметници Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене-пијано и Горан Ќурчски- тромбон.

Вечерва во салата од спомен-домот АСНОМ со почеток во 20:00 часот, ќе се реализира концерт на италијански канцони од познатиот млад тенор во Македонија, Влатко Груевски, со пијано придружба на Андреј Наунов.

DSC 0113_resize

DSC 0120_resize DSC 0126_resize

DSC 0131_resize DSC 0133_resize

DSC 0136_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Март 2019, 15.15 од Д.Чапевски
2019-03-22-14-16-37 Заврши инсталирањето на фотоволтаичните системи на три јавни објекти во Делчево. Фотоволтаични системи за производство на енергија добија Спомен-домот „АСНОМ“-општинската административна зграда, ООУ...
Објавено на 22 Март 2019, 14.49 од Д.Чапевски
2019-03-22-13-55-16 Под мотото „Сите се грижиме за здрава животна средина“, денеска Општина Делчево го одбележа Светскиот ден на водите, 22 март. На настанот организиран на кејот на реката Брегалница во Делчево,...
Објавено на 21 Март 2019, 12.35 од Д.Чапевски
-60-   Денот на пролетта и светскиот Ден на екологијата, 21 март, во Делчево одбележан со низа активности насочени кон заштитата на животната средина и подигнување на свеста на младите за значењето на...
Објавено на 21 Март 2019, 11.12 од Д.Чапевски
2019-03-21-10-14-03 Подигнување на јавната свест за учесниците во сообраќајот, реализација на сообраќајни кампањи и манифестации се дел од активностите кои се предвидени во Годишната програма за работа на Општинскиот совет...
Објавено на 21 Март 2019, 08.30 од Д.Чапевски
2019-03-21-07-38-40 Интензивно се работи на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани кој  е нов патен правец во должина од 28 км. и со кој се одбегнува актуелната сообраќајница која претставува тесно грло во...
Објавено на 20 Март 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-03-20-12-02-50 Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски денеска извршија увид во текот на работите за...
Објавено на 20 Март 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-03-20-11-29-03 Изградба на затворен градски базен во Делчево, изградба на велосипедска патека и сала за куглање, но и чиста вода за пиење и поголема хигиена на улиците се дел од идеите за подобрување на животот во...
Објавено на 20 Март 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-03-20-10-11-56 Во тек се градежните работи за изградба на фасадата на новата црква посветена на светите браќа Св. Кирил и Методиј, заштитници на градот Делчево. Фасадата се гради со донаторски средства обезбедени од...
Објавено на 18 Март 2019, 13.27 од Д.Чапевски
2019-03-18-12-29-24 Делчево беше домаќин на 4-та работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти организирана во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на...
Објавено на 18 Март 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-03-18-10-13-56 Од вкупно планираните приходи и приливи во буџетот на Општината во износ од 262.824.000 ден. наплатени се 232.364.077 ден., односно 88,4% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од...
Објавено на 12 Март 2019, 13.56 од Д.Чапевски
22----------2019--- На територијата на Општина Делчево, во 2019 година имало 36 пожари од кои 22 пожари на отворен простор. Овој податок го пласираше командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски на денешниот Вонреден...
Објавено на 12 Март 2019, 09.04 од Д.Чапевски
-21- 21. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 15.03.2019 година (петок) во во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 11 Март 2019, 11.50 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-53-17 Пожарите кои викендов беа активни на територијата на Општина Делчево кај месноста Попов Мост и во атарот кај село Тработивиште го вклучија алармот за вонредно активирање на системот за управување со...
Објавено на 11 Март 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-17-27 Општина Делчево апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган  на отворен простор на необезбедени...
Објавено на 07 Март 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-03-58 Во ООУ „Ванчо Прке“ привршуваат градежните работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 06 Март 2019, 12.13 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-17-39 Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-фаза два“ Општина Делчево во партнерство со општините Пехчево и Берово спроведува активности за...
Објавено на 27 Февруари 2019, 08.05 од Д.Чапевски
2019-02-27-07-10-02 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево се одржа на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. На седницата беше предложен, разгледан и...
Објавено на 24 Февруари 2019, 12.10 од Д.Чапевски
-75- Планинарски друштва од Делчево, Берово и Пехчево заедно со претставници на десетина институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2019, 14.35 од Д.Чапевски
------1----  Деновиве со подобрувањето на временските услови активно започна да се работи на изградбата на дел од сервисна улица бр.1 во населбата Пролет во должина од 262 метри во делот од старата зграда на...
Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1863
mod_vvisit_counterВчера2590
mod_vvisit_counterОваа недела14469
mod_vvisit_counterПретходна недела17798
mod_vvisit_counterОвој месец57002
mod_vvisit_counterПретходен месец63938
mod_vvisit_counterВкупно2532669

Присутни online: 45
Ваша IP: 34.204.52.4
,
Денес: Мар 23, 2019