Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Плаката ПИЈАНЕЧКИ ДЕНОВИ НА СЛИВАТА 2018 slika resize

Традиционалната манифестација со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 21 септември, петок, а официјалното отворање на манифестацијата во која е предвидена и богата културно-уметничка програма ќе започне во 13 часот. Во рамките на манифестацијата се предвидува пред летната сцена да се прикажe подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај, но и да се дегустира финалниот производ. На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи, а на штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место.

За учесниците се предвидени награди. За највеселата ракија се предвидени две награди, првата во износ од 12 илајди денари, а втората 8 илјади, додека највкусниот мармалад ќе се награди со 4 илајди денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илајди денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд.

Заинтересираните за учество во манифестацијата можат да се пријават во Општина Делчево најдоцна до 19 септември. Јавниот повик за учество со повеќе детали за настанот можете да го преземете од веб-страната на Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark