Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2018“. Манифестацијата ќе се одржи на 21.09.2018 година (петок) на платото пред Спомен домот АСНОМ.со почеток во 13:00 ч.

Во рамки на централниот настан е предвидено:

1.Натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“
2.Подготовка на мармалад, слатко и компот од слива
3.Подготовка на бели пецива со производи од слива
4. Декорирање штанд.

Подготовката на ракија и мармалад, како и декорирањето на штандот ќе има натпреварувачки карактер, а додека другите активности се ревијални.

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани индивидуални земјоделци, физички и правни лица да се пријават како учесници во активностите.

Правила за учество во манифестацијата:

1.     Секој од пријавените учесници сам го обезбедува материјалот за подготовка на својот производ(слива)

2.     Секој од учесниците сам обезбедува казан или ќумбе и садови потребни за учество, зависно во која категорија се пријавува.

 

Општина Делчево за сите пријавени учесници ќе обезбеди:

1.     Други потрошни материјали како дрва, шеќер, брашно и сл.

2.     Тезга за изложување и продажба на своите производи

3.     Промотивни материјали за учесниците

4.     Две награди за највесела ракија (прва награда 12.000 ден, втора награда 8.000 денари), награда за најсладок мармалад во износ од 4 илјади денари и награда за најубаво уреден штанд во износ од 3.000 ден.

 

 

Рок на пријавување е 19.09.2018 година. Пријавувањето се врши со пополнување и поднесување Пријава во Општина Делчево.

Лице за контакт од Општината: Даниела Такева, телефон 033 411 550, и

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Пријавите може да се симнат од веб- страницата на Општина Делчево или да се подигнат во Архивата на Oпштина Делчево.

СИМНИ ЈА ПРИЈАВАТА ТУКА

Share/Save/Bookmark