Среда, 19 Септември 2018 10:45
На страницата за електронски систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки, Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тентерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево. Проценетата вредност на набавката за изградба на мостот без ДДВ изнесува 6.369.044,00 денари. Во рамките на тендерот е предвидено изградбата на мостот да започне на 15. ноември оваа година, а да заврши на 30.06.2019 година.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите на 08.10.2018 во 11:00 во Центарот за развој на Источен плански регион.
Првиот пешачки мост на реката Брегалница ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена, мостот да биде ставен во функција на туристичка понуда. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции.
Изградбата на првиот пешачки мост е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“ и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.
Вкупниот буџет на проектот е 7. 515. 471,9 денари од кои 65,5% ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5% од буџетот на Општина Делчево за 2018 година.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.