Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

donacija9 resize

Донација вредна 2 илјади евра од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ денеска пристигна во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево.  Донацијата ја донесе лично претседателот на Фондацијата, д-р Милен Врабевски и заменик-министерката за образование на Р. Бугарија, Деница Сачева. 

Доннацијата се состои од детски столчиња и масички, како и надгледни и дидактички средства потребни за наставата и со неа се опремија две занимални во градинката, каде досега се користеше опрема стара повеќе од три децении. Претседателот на Фондацијата, Врабевски, истакна дека ова е прва, но не и последна донација за најмладите во детската градинка во Делчево.

donacija2 resize donacija4 resize

-- Нашите намерите се сериозни и целта ни е да соработуваме на повеќе проекти финансирани и од ЕУ и од фонадации како што е мојата, бидејќи тоа носи само позитивни ефекти во регионот. Да инвестираш во младите на една држава е да мислиш за нејзината иднина. Треба да сме заедно и луѓето  во Македонија да ја разберат ползата од соработката и евроинтеграцијата, истакна Врабевски.

Добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија с емногу важни потенцираше замник-министерот за образование на соседна Бугарија, Деница Сачева.

- Денес сум тука за да ја поддржам иницијативата на Фондацијата и на градоначалникот Трајковски и на детската градинка во Делчево, бидејќи нашите добрососедски односи се многу важни  и треба да започнат од децата, од најмалите.  Работата со децата е многу важана за да можат да ја изградат својата општа култура и да го градат својот однос кон светот. Образованието има посебно значење во нивниот развој и овде сум за да ја изразам својата намера и цел да соработуваме, да работиме на трансграничните проекти,посебно на Програмата на ЕРАЗМУС +, потенцираше Сачева.

Директорката на детската градинка „Весели цветови“, Билјана Симовска, рече дека ова е само првиот чекор со кој се започнува соработка со Фондацијата.

-Ова е уште еден показател дека ЕУ нуди многу можности.  Нашите пријатели од соседна Бугарија ни подаваат рака и ова е прва донација која многу значи и за нас и за дечињата и за вработените. Се надеваме дека ќе почнеме да соработуваме со детски градинки од соседна Бугарија, во делот на воспитниот кадар, во врска со размена на искуства за персоналот, истакн Симовска.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека Делчево доби искрен пријател во  ликот на г-от Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“.

- Пријателството што изминативе месеци го градиме со Фондацијата „Бугарско сеќавање“ отвора нови перспективи за едукација на младите, за проширување на нивните видици, искуства и, секако, нови познанства што значи само едно-  правилно трасирање на растот и развојот и на приоритетите на нашата млада популација и запознавање со  европските вредности, рече Трајковски.

Со поддршка на Фондацијата, делчевски средношколци учествуваа на Семинарот по роботика и дигитални вештини во Струмица, каде се стекнаа со нови искуства и знаења, а потоа 40 наши млади фудбалери се натпреваруваа и се вратија со пехари од пријателските натпревари кои се одржаа во Банско- соседна Бугарија.

donacija6 resize

donacija8 resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Октомври 2018, 11.39 од Д.Чапевски
2018-10-22-10-51-30 Општина Делчево и Општина Виница станаа членови на Урбаната алијанса на патот на свилата со што се запишаа како први општини од Македонија кои се дел од оваа светска асоцијација посветена на градење...
Објавено на 19 Октомври 2018, 08.28 од Д.Чапевски
2018-10-19-07-31-12  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад и  материјал покрај коловозите на сообраќајниците во градот. Акцијата е редовна есенска активност на...
Објавено на 15 Октомври 2018, 14.56 од Д.Чапевски
2018-10-15-13-57-45 Во организација на Меѓуопштинското здружение на слепи лица од Кочани и Сојузот на слепите од Благоевград, соседна Бугарија, денеска во Делчево се одржа 5-та по ред прекугранична средба на слепите лица...
Објавено на 11 Октомври 2018, 09.38 од Д.Чапевски
-77-   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ја одбележа 77-годишнината од почетокот на антифашистичкото Востание. Пред Споменикот на паднатите борци, делегација од Општина Делчево предводена...
Објавено на 09 Октомври 2018, 14.03 од Д.Чапевски
2018-10-09-13-06-47 Советничката група на опозициската коалиција предводена од ВМРО -  ДПМНЕ во Делчево денеска остана уште без еден советник. Советникот Вице Стоиловски од ГРОМ, на денешната, 14 Седница на Советот,...
Објавено на 09 Октомври 2018, 13.55 од Д.Чапевски
-5-3- Врз основа на Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на РМ” бр. 147/08 и 45/11)...
Објавено на 09 Октомври 2018, 08.05 од Д.Чапевски
2018-10-09-07-07-34 Од вчера (08.10.2018 година) е ставен во функција елетричниот полнач за електрични автомобили во Делчево кој се наоѓа на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ. Заинтересираните граѓани кои имаат електрични...
Објавено на 08 Октомври 2018, 14.50 од Д.Чапевски
2018-10-08-13-52-04 Општина Делчево ги информира граѓаните кои овој период варат ракија дека не смеат да го фрлаат комињето во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување. Поради евидентираните случаи за...
Објавено на 08 Октомври 2018, 10.27 од Д.Чапевски
2018-10-08-09-28-48 По повод Светскиот ден на учителот, на традиционална свеченост во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите просветни работници во двете основни училишта, како и во средното училиште во...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.26 од В.Мицевски
2018-10-05-11-33-47 Четиринаесетата Седницата ќе се одржи на 09.10.2018 (вторник) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 05 Октомври 2018, 12.16 од В.Мицевски
2018-10-05-11-24-27 Сто педесет дечиња од детските градинки од Источна Македонија денеска во Делчево се натпреваруваа во детските „Игри без граници“. Годинава во организација на делчевската детска градинка „Весели...
Објавено на 05 Октомври 2018, 11.55 од В.Мицевски
2018-10-05-11-05-59 Со пригодна свеченост организирана од повозрасните ученици, во двете основни училишта во Делчево сто и едно прваче станаа членови на Светската детска организација. Свечено облечени и насмеани, тие...
Објавено на 04 Октомври 2018, 14.13 од Д.Чапевски
2018-10-04-13-21-29   Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а за 30% е зголемен броојот на електрични светилки во јавното осветлување. Ова се само дел од резултатите од партнерскиот проект...
Објавено на 04 Октомври 2018, 10.15 од Д.Чапевски
2018-10-04-09-28-48 Општина Делчево ги известува жителите на с. Вирче дека водата од селската чешма Чешма џамија во селото не е исправна за пиење. Согласно со резултатите од направените анализи на водата од страна на...
Објавено на 03 Октомври 2018, 14.55 од Д.Чапевски
2018-10-03-13-56-46 Општина Делчево ги известува жителите на с. Град дека водата од локалниот селски водовод во с. Град не е исправна за пиење. Согласно со известувањето од ЈЗУ Јавно здравје од Кочани, водата од...
Објавено на 02 Октомври 2018, 12.52 од Д.Чапевски
2018-10-02-11-56-23 Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево  ќе биде домаќин на традиционалните регионални спортски игри „Игри без граници“ кои ќе се одржат в петок на 5 октомври, во спортската сала на СОУ...
Објавено на 02 Октомври 2018, 08.31 од Д.Чапевски
2018-10-02-07-43-48   Подвижен рендген апарат, мамограф, болнички кревети, душеци, помагала, апарати, мебел, колички и најразличен друг медицински инвентар во вредност од 300 илјади евра се донирани во делчевскиот...
Објавено на 27 Септември 2018, 14.28 од Д.Чапевски
2018-09-27-13-32-52 Се решава децениски проблем на крак од ул. „Острец“ во населбата Маџир Маало којшто претставуваше тесно грло и проблематично место за користење од страна на жителите на оваа зона.  Деновиве е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1267
mod_vvisit_counterВчера2243
mod_vvisit_counterОваа недела1267
mod_vvisit_counterПретходна недела12255
mod_vvisit_counterОвој месец37821
mod_vvisit_counterПретходен месец57694
mod_vvisit_counterВкупно2210005

Присутни online: 32
Ваша IP: 54.80.87.166
,
Денес: Окт 22, 2018