Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize DSC 0004_resize

На тринаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи и изложени на продажните штандови. Во манифестацијата се вклучија  сите образовни институции во Делчево, децата од Дневниот центар, локални институции, а учениците од СОУ „М.М. Брицо“ подготвија и ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“.  Свои производи на штанд  понуди и најголемиот откупувач  и преработувач на овошје во регионот „Рудине ММ“, како и ЗФГ „Копачка “ од с. Драмче, „Пијанечка пчела два“, како и физички лица.

DSC 0011_resize

DSC 0059_resize DSC 0061_resize

Од изложеното богатство, Комисијата одлучи наградата за најубаво уреден штанд во знакот на сливата на овогодинешните „Пијанечки денови на сливата“ да ја додели на учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево кои смогнаа сили и својот штанд покрај вкусните и убаво декорирани производи од сливи, на лице место, вареа и слатко од слива. Наградата е во износ од 3 илјади денари, додека наградата за највкусен мармалад  ја поделија Слобода Јовановска и ЗФГ „Копачка“ од с. Драмче.

Епитетот највесела ракија, годинава ја заслужи ракијата произведена од Тихомир Маринков. Тој доби 12 илјади денари, а 8 илајди денари отидоа кај Јован Медарски. Останатите двајца учесници, Стојмир Мицевски и Ѓорѓи Јовановски добија по 2 илјади денари за учество и збогатување на манифестацијата.

Со денешната манифестација сакаме да покажеме дека сме горди на трудот на сливарите, на производство и на традицијата, истакна во своето обраќање градоначалникот Горан Трајковски. Тој додаде дека традицијата на производство и преработки од сливата е од дамнина и овој ден обединува генерации и генерации делчевци.

- Производството на сливи во Пијанец во својата историја бележи многу подеми и падови во оваа гранка, но сливата опстојувала под различни искушенија, било од природата, било од некои други објективни или субјективни причини. Затоа, верувам дека овоштарството во регионот има иднина, а со поддршка од најразличните ЕУ-фондови, ИПАРД- програмата, субвенициите од државата, може да создадеме планско производство, да го осовремениме, да создадеме услови за нови преработувачки капацитети, а со влезот на земјава во семејството на ЕУ, се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи или 250 пати поголем од пазар од нашиот домашен. Овде ќе потенцирам дека само за 2019 година за земјоделството во Македонија имаме на располагање 15 милиони евра европски пари, износ ќе се зголеми многукратно со евроатлантската интеграција на Македонија, рече Трајковски.

Според истражувањата на пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски, посебно е карактеристичен периодот на почетокот на 20 век, кога се создале големи бавчи со сина слива.

-Расадот е донесен од Банско- Бугарија, затоа и е наречена банска слива.  Потоа, овоштарите сами почнале да си произведуваат насади. Сината слива ја имало толку многу што останувала необрана и до паѓањето на првиот снег. Во тој период, до 1940 година, се изградени многу сливарски фурни за печење на сината слива, истакнува Узунски.

Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од детската градинка „Весели цветови“, играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“, од КУД „Вера Јоциќ“ од М. Каменица, од КУД „Гоце Делчев“, како и настап на пејачката група „Ѓурѓа“.

Во Пијанец има 252 илјади садници со сини сливи засадени на околу 650 хектари. Годинава произведени се рекордни 12 илјади тони.

DSC 0075_resize

DSC 0079_resize DSC 0084_resize

DSC 0090_resize

DSC 0094_resize

DSC 0100_resize

DSC 0107_resize

DSC 0112_resize DSC 0122_resize

DSC 0137_resize DSC 0154_resize

DSC 0155_resize DSC 0158_resize

DSC 0171_resize

DSC 0178_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 18 Февруари 2019, 09.34 од Д.Чапевски
-75- По повод 75-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 24.02.2019. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните на Општина...
Објавено на 14 Февруари 2019, 12.42 од Д.Чапевски
2019-02-14-11-44-37 Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа којашто вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово и во...
Објавено на 13 Февруари 2019, 11.49 од Д.Чапевски
2019-02-13-10-55-43 Максимално вклучување на учениците во изработката на проекти кои ќе донесат соработка со училишта од други држави, подобрување на наставниот процес и односот на учениците кон училишниот инвентар и...
Објавено на 12 Февруари 2019, 14.05 од Д.Чапевски
-monilinia-fructicola Овоштарите од Пијанец и Малешевијата денеска на едукативна трибина ги слушнаа причините за појавата на штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola и начините како да се справуваат со...
Објавено на 11 Февруари 2019, 13.43 од Д.Чапевски
2019-02-11-12-44-29   Екипи од ЈПКД „Брегалница“ денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во делчевското село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод...
Објавено на 08 Февруари 2019, 12.50 од Д.Чапевски
2019-02-08-11-51-22 ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево во воспитната 2019/2020 година има предвидено 900.000 денари за реализација на повеќе инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите во воспитно згрижувачката...
Објавено на 08 Февруари 2019, 09.56 од Д.Чапевски
2019-02-08-08-58-46 Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема...
Објавено на 07 Февруари 2019, 15.15 од Д.Чапевски
-012019- Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014 ,48/15 154/15, 5/16 , 142/16,11/2018), Секретарот на Општина...
Објавено на 06 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-06-10-30-57 Во ООУ „Ванчо Прке“ во тек се градежни работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 14.03 од Д.Чапевски
2019-02-05-13-07-56 Средношколците од Делчево, Берово, Виница и Македонска Каменица кои деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент, остварија средби Манфред Вебер, кандидат на...
Објавено на 05 Февруари 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-02-05-11-07-55 Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска подари дваесетина наслови од детска литература на подрачното училиште во с. Ѕвегор. Целта на оваа активност е да се збогати библиотечниот фонд на подрачното...
Објавено на 04 Февруари 2019, 11.28 од Д.Чапевски
2019-02-04-10-34-00  Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 147-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот...
Објавено на 04 Февруари 2019, 07.38 од Д.Чапевски
2019-02-04-06-45-38  Во Општина Делчево се одржа работна средба на градоначалниците од регионот со бугарскиот европратеник Андреј Новаков за подбро искористување на европските фондови. Средбата беше на иницијатива на...
Објавено на 01 Февруари 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-02-01-10-15-00 Во тековната 2019 година, Општина Делчево заедно со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Делчево ќе ги зајакнуваат капацитетите и ќе ја промовираат родовата еднкавост како вредност...
Објавено на 31 Јануари 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-01-31-13-20-40 Во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево во тек е е втората фаза од проектот„Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“ кој се однесува на подобрување на условите во училиштето во...
Објавено на 30 Јануари 2019, 15.23 од Д.Чапевски
-------2019-- Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-25-58 Селото Полето и приградската населба Басарица во Делчево ќе добијат улично осветлување.  Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа со монтирање улични светилки по претходно поставено електрично...
Објавено на 30 Јануари 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-01-30-11-10-26 Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес292
mod_vvisit_counterВчера2437
mod_vvisit_counterОваа недела5618
mod_vvisit_counterПретходна недела14013
mod_vvisit_counterОвој месец38694
mod_vvisit_counterПретходен месец61166
mod_vvisit_counterВкупно2456853

Присутни online: 34
Ваша IP: 34.207.152.62
,
Денес: Фев 21, 2019