Завршува изградбата на дел од локалниот пат Илиово-Турија, делница с. Турија- с. Трстија во должина од 400м



Четврток, 27 Септември 2018 08:35
Деновиве завршува изградбата на дел од локалниот пат Илиово-Турија, делница с. Турија- с. Трстија во должина од 400м и ширина на коловозот од 3,5 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој согласно со Одлуката на Владата на Република Македонија и од Буџетот на Општина Делчево во висина од околу 2 милиони денари.
Проект е од огромно значење за жителите на овие две села, но и за сите жители од Делчево и Виница чии имоти се наоѓаат во овој регион потенцираше градоначалникот Горан Трајковски кој направи увид во завршните работи на проектот.
- Верувам дека изградбата на овие 400 метри на делот од локалниот патен правец Илиово-Турија ќе донесе нормално функционирање и подобар квалитет на животот на жителите кои овде живеат и оние кои гравитираат во овој дел. За дореализација на целиот локален пат, остануваат уште 400 метри кои очекуваме да ги реализираме повторно со средства од Владата или од различни фондови од ЕУ, истакна Трајковски
Изведувачот на работите е фирмата „КОД-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ Струмица
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.