Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

DSC 0013_resize DSC 0016_resize

Подвижен рендген апарат, мамограф, болнички кревети, душеци, помагала, апарати, мебел, колички и најразличен друг медицински инвентар во вредност од 300 илјади евра се донирани во делчевскиот Здравствен дом „Гоце Делчев“. Донацијата е обезбедена преку Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски од хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Кралството Шведска.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, изрази благодарност до шведската хуманитарна организација и истакна дека целата помош ќе биде ставена во функација на граѓаните. 

-Изразувам огромна благодарност на донаторите Кралството Шведска, како и до самите чинители кои помогнаа оваа донација да стигне во Делчево. Опремата е доста квалитетна, а нашиот Здравствен дом, прв пат, добива донација од вакви размери и за прв пат ќе бидат инсталирани одредени апарати и помагала што значи дека ќе се прошири и палетата на здравствени услуги кои ќе се даваат во нашиот Здравствен дом, рече Трајковски.

DSC 0024_resize DSC 0028_resize

DSC 0036_resize DSC 0039_resize

Ова е четиринаесетта донација на шведската невладина организација на територијата на Република Македонија, а за својата хумана мисија,  градоначалникот Трајковски додели плакета од Општина Делчево на хуманитарката Марија Русенгрин од хуманитарната организација „Хенд тил хенд“.

Ние носиме донација со опрема за болницата во Делчево, кoja се состои во медицинска опрема, рентген и друг вид на апарати, болнички кревети, разни помагала и постелнина. Донацијата е во вредност од 300.000 евра и за да ја донесеме овде имавме голема поддршка од градоначалникот Трајковски и неговите соработници и се надеваме дека и понатаму ќе имаме успешна соработка, рече Русенгрин.

Донираната опрема е сместена во Здравствениот дом, а директорката, д-р Марија Глигоровска, истакна дека по направениот попис на примената донација, опремата ќе биде распределена во согласност со потребите во соодветните ординации во Здравствениот дом.

DSC 0046_resize

DSC 0059_resize

DSC 0071_resize

DSC 0076_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1124
mod_vvisit_counterВчера2377
mod_vvisit_counterОваа недела13497
mod_vvisit_counterПретходна недела18543
mod_vvisit_counterОвој месец52747
mod_vvisit_counterПретходен месец73356
mod_vvisit_counterВкупно2608753

Присутни online: 39
Ваша IP: 54.235.4.196
,
Денес: Апр 20, 2019