Понеделник, 12 Ноември 2018 15:22
Интензивно се работи на доопремување на првиот мултифункционален и мултикултурен центар во Делчево кој ќе биде смесетен на третиот спрат во Спомен-домот АСНОМ. Во рамките на центарот се подготвува и соодветен простор за читална, современа просторија за склучување бракови, а ќе се уреди и сала за состаноци која, покрај за другите потреби, ќе биде ставена во функција и за одржување на седниците на Советот на Општина Делчево.
Од денеска ЈЛБ„Илинден“ започна со внатрешното уредување на читалната која ќе биде дел од овој центар. По спроведената тендерска постапка, тендерот го доби фирмата„Солас Екс Им“-ДООЕЛ Скопје чии претставници денеска ги извршија потребните скенирања на просторот. Инвестицијата е во висина од 287 920 денари, а како што изјави директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, читалната ќе биде опремена со модерен мебел, изработен од врвни архитекти.
-Во неа нашите читатели ќе можат да читаат ,студентите да подготвуваат испити, исто така овде ќе може да се читаат дневните весници, а да се реализираат и други активности поврзани со промоција на литературни наслови.Читалната комплетно ќе биде опремена до крајот на месец декември, истакна Петровска.
Инаку, првиот мултикултурен и мултифункционален центар треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики. Проектот со наслов „Одговорни пред одговорностите“ го реализира Хуманитарното здружение за помош на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, во партнерство со Општина Делчево, ЈЛБ „Илинден“, ООУ„Св.Климент Охридски“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. Проектот е субгрант од Проектот „Здружени сили за заеднички интереси“, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.