Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

изјава1

Ќе продолжи доизградбата на новата црква во Делчево посветена на заштитниците на градот, светите апостоли Кирил и Методиј. Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски денеска истакна дека фасадата и кровната конструкција ќе се градат со донаторски средства обезбедени од  големиот пријател на Делчево, д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“.

- Изградбата на фасада и на кровната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, ќе донесе овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители, рече Трајковски.

Тој се заблагодари на несебичната поддршка на д-р Врабевски и неговата Фондација за дореализација на овој значаен верски објект во Делчево.

-  Во оваа прилика, јас се заблагодарувам на несебичната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата, на неговата подготвеност да ја продолжи неговата донаторска мисија и поддршка на Делчево и, воопшто, на транграничниот регион, уште еднаш докажувајќи дека пријателството и искрената соработка и почитување, кое е обострано, ги надминуваат сите физички граници. Дека д-р Врабевски е голем пријател на Македонија зборува и фактот што д-р Врабевски овозможи во Македонија за прв пат да стигне благодетниот оган од Ерусалим кој беше предаден во Софија на високите претставници од МПЦ, поточно на владиката Иларион, истакна Трајковски.

Соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски, Делчево ја воспостави пред една година и таа е иницијатива на делчевецот Венци Димитровски. Во овој период воспоставена е цврста соработка во делот на образованието, односно надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата.

Во рамките на трансграничната соработка, на 16 ноември, Делчево ќе биде домаќин на семинар по роботика, информатика, претприемништво и напредни технологии на која учество ќе земат еминентни професори од Европа и 220 ученици од регионот. Во наредниот период, поточно до крајот на оваа година ќе се организира посета на Европскиот парламент за  60 ученици. Патувањето во Брисел е во организација на д-р Милен Врабевски и европратеникот Андреј Ковачев, потпретседател на Европската народна партија.

изјава2

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Март 2019, 15.15 од Д.Чапевски
2019-03-22-14-16-37 Заврши инсталирањето на фотоволтаичните системи на три јавни објекти во Делчево. Фотоволтаични системи за производство на енергија добија Спомен-домот „АСНОМ“-општинската административна зграда, ООУ...
Објавено на 22 Март 2019, 14.49 од Д.Чапевски
2019-03-22-13-55-16 Под мотото „Сите се грижиме за здрава животна средина“, денеска Општина Делчево го одбележа Светскиот ден на водите, 22 март. На настанот организиран на кејот на реката Брегалница во Делчево,...
Објавено на 21 Март 2019, 12.35 од Д.Чапевски
-60-   Денот на пролетта и светскиот Ден на екологијата, 21 март, во Делчево одбележан со низа активности насочени кон заштитата на животната средина и подигнување на свеста на младите за значењето на...
Објавено на 21 Март 2019, 11.12 од Д.Чапевски
2019-03-21-10-14-03 Подигнување на јавната свест за учесниците во сообраќајот, реализација на сообраќајни кампањи и манифестации се дел од активностите кои се предвидени во Годишната програма за работа на Општинскиот совет...
Објавено на 21 Март 2019, 08.30 од Д.Чапевски
2019-03-21-07-38-40 Интензивно се работи на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани кој  е нов патен правец во должина од 28 км. и со кој се одбегнува актуелната сообраќајница која претставува тесно грло во...
Објавено на 20 Март 2019, 12.59 од Д.Чапевски
2019-03-20-12-02-50 Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски денеска извршија увид во текот на работите за...
Објавено на 20 Март 2019, 12.24 од Д.Чапевски
2019-03-20-11-29-03 Изградба на затворен градски базен во Делчево, изградба на велосипедска патека и сала за куглање, но и чиста вода за пиење и поголема хигиена на улиците се дел од идеите за подобрување на животот во...
Објавено на 20 Март 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-03-20-10-11-56 Во тек се градежните работи за изградба на фасадата на новата црква посветена на светите браќа Св. Кирил и Методиј, заштитници на градот Делчево. Фасадата се гради со донаторски средства обезбедени од...
Објавено на 18 Март 2019, 13.27 од Д.Чапевски
2019-03-18-12-29-24 Делчево беше домаќин на 4-та работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти организирана во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на...
Објавено на 18 Март 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-03-18-10-13-56 Од вкупно планираните приходи и приливи во буџетот на Општината во износ од 262.824.000 ден. наплатени се 232.364.077 ден., односно 88,4% во вкупниот буџет или ако го анализираме основниот буџет од...
Објавено на 12 Март 2019, 13.56 од Д.Чапевски
22----------2019--- На територијата на Општина Делчево, во 2019 година имало 36 пожари од кои 22 пожари на отворен простор. Овој податок го пласираше командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски на денешниот Вонреден...
Објавено на 12 Март 2019, 09.04 од Д.Чапевски
-21- 21. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 15.03.2019 година (петок) во во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 11 Март 2019, 11.50 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-53-17 Пожарите кои викендов беа активни на територијата на Општина Делчево кај месноста Попов Мост и во атарот кај село Тработивиште го вклучија алармот за вонредно активирање на системот за управување со...
Објавено на 11 Март 2019, 11.13 од Д.Чапевски
2019-03-11-10-17-27 Општина Делчево апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган  на отворен простор на необезбедени...
Објавено на 07 Март 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-03-58 Во ООУ „Ванчо Прке“ привршуваат градежните работи за изградба на дворната ограда со која ќе се реши голем проблем на училиштето поврзан со безбедноста на учениците и заштитата на имотот на...
Објавено на 06 Март 2019, 12.13 од Д.Чапевски
2019-03-07-11-17-39 Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-фаза два“ Општина Делчево во партнерство со општините Пехчево и Берово спроведува активности за...
Објавено на 27 Февруари 2019, 08.05 од Д.Чапевски
2019-02-27-07-10-02 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево се одржа на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. На седницата беше предложен, разгледан и...
Објавено на 24 Февруари 2019, 12.10 од Д.Чапевски
-75- Планинарски друштва од Делчево, Берово и Пехчево заедно со претставници на десетина институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2019, 14.35 од Д.Чапевски
------1----  Деновиве со подобрувањето на временските услови активно започна да се работи на изградбата на дел од сервисна улица бр.1 во населбата Пролет во должина од 262 метри во делот од старата зграда на...
Објавено на 19 Февруари 2019, 13.19 од Д.Чапевски
2019-02-19-12-28-14 20  редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 26.02.2019 (вторник) со почеток во 14.00 часот,, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес255
mod_vvisit_counterВчера2590
mod_vvisit_counterОваа недела12861
mod_vvisit_counterПретходна недела17798
mod_vvisit_counterОвој месец55394
mod_vvisit_counterПретходен месец63938
mod_vvisit_counterВкупно2531061

Присутни online: 38
Ваша IP: 54.196.208.187
,
Денес: Мар 23, 2019