Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

sneg1

Од денеска започнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата која ќе трае сѐ до 15 март 2019 година. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -Делчево ги потсетува учесниците во сообраќајот дека се должни да ги почитуваат законските одредби, за управување со возило во зимски услови кои возачите треба да ги почитуваат и аплеира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Имено, согласно со член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член од Законот, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg,подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 16 Јануари 2019, 15.06 од Д.Чапевски
2019-01-16-14-08-32 Снегот од тротоарите и јавните површини ЈПКД „Брегалница“од Делчево од денеска ќе го чисти со современа машина за чистење снег. Машината денеска пристигна во дворот на ЈПКД „Брегалница“ и според...
Објавено на 16 Јануари 2019, 09.24 од Д.Чапевски
2019-01-16-08-25-49 Фотоволтаични системи ќе се инсталираат на Спомен-домот АСНОМ-општинска административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на...
Објавено на 14 Јануари 2019, 14.02 од В.Мицевски
2019-01-14-13-16-27 „Сурова“ ечеше денеска во делчевски Ѕвегор со што Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во...
Објавено на 14 Јануари 2019, 09.22 од В.Мицевски
2019-01-14-08-27-41 Во рамките на новогодишните и божиќните празнувања, Општина Делчево организира целовечерен концерт на гудачкиот квартет ВИВА Стрингс, кој ќе се одржи на 17 јануари (четврток) во киносалата во Делчево со...
Објавено на 10 Јануари 2019, 14.59 од Д.Чапевски
2019-01-10-14-06-24   Пробиени се патиштата до горните села во Општина Делчево. Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјакот, Ветрен Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско...
Објавено на 10 Јануари 2019, 13.50 од Д.Чапевски
2019-01-10-12-53-50 Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини...
Објавено на 10 Јануари 2019, 11.47 од Д.Чапевски
2019-01-10-10-50-00  Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци...
Објавено на 04 Јануари 2019, 12.49 од Д.Чапевски
-1087- Согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011 г. и неговите измени и дополнувања за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети, заклучно со 31.12.2018...
Објавено на 04 Јануари 2019, 09.27 од Д.Чапевски
-12019-2- Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.48 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-48-53     Општина Делчево им соопштува на граѓаните кои имаат намера да поднесат барање за легализација на бесправно изградени објекти дека тоа можат да го сторат  во текот на денешниот...
Објавено на 31 Декември 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-12-31-10-43-02 Почитувани сограѓани, Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-55-51 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска им додели новогодишни пакетчиња на учениците од пониските одделенија од двете основни училишта и децата од Дневниот центар за лица со...
Објавено на 28 Декември 2018, 13.25 од Д.Чапевски
2018-12-28-12-28-46  Со пригодна свеченост и новогодишен коктел во организација на Општина Делчево беше ставен во функција мултикултурниот и мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од...
Објавено на 28 Декември 2018, 08.41 од Д.Чапевски
2018-12-28-07-46-49 Пред преполната сала во ООУ „Ванчо Прке“, децата од детската градинка „Весели цветови“ ја реализираа новогодишната програма насловена како „Новогодишна бајка“. Со многу аплауз, детска смеа и среќни...
Објавено на 27 Декември 2018, 14.53 од Д.Чапевски
-2019- Советниците од Советот на Општина Делчево на 18 Седница на Советот го усвоија Буџетот на Општина Делчево за 2019 година, кој е планиран во вкупен износ од 265.985.412 денари, додека основниот буџет...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.59 од Д.Чапевски
2018-12-27-11-04-45  Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на  Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа...
Објавено на 27 Декември 2018, 11.07 од Д.Чапевски
-2019- , Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет,буџет на дотации,...
Објавено на 25 Декември 2018, 11.51 од Д.Чапевски
2018-12-25-10-55-40 Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013),...
Објавено на 24 Декември 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-12-24-11-33-37 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2018/2019 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. На јавниот Конкурс се пријавиле 14...
Објавено на 24 Декември 2018, 09.46 од Д.Чапевски
2018-12-24-08-50-52 Во преполната киносала во Делчево се одржа целовечерен концерт на староградска музика и серенади во изведба на Градскиот хор од Штип. Концертот го организираше Општина Делчево во соработка со НУЦК...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1093
mod_vvisit_counterВчера2059
mod_vvisit_counterОваа недела7481
mod_vvisit_counterПретходна недела15052
mod_vvisit_counterОвој месец33580
mod_vvisit_counterПретходен месец62265
mod_vvisit_counterВкупно2390674

Присутни online: 40
Ваша IP: 54.226.64.30
,
Денес: Јан 17, 2019