Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0092_resize

Во Делчево се одржува првиот Семинар за претприеништво и роботика на која учество зедоа 220 ученици од општините Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Струмица. Еминентни предавачи од областа на дигиталната технологија на младите информатичари им ја открија тајната на презентациите, иднината на криптовалутите, роботиката и пријателите за подобра иднина, се демонстрираа 3д-печатачите, а се реализираше и натпревар по роботика, а најдобрите ќе добијат и медали како симболична награда.

Семинарот за роботика е во организација на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ со поддршка на Општина Делчево. 

DSC 0075_resize

DSC 0082_resize DSC 0098_resize

Живко Костуров проектен менаџер во Фондацијата „Бугарско сеќавање“ истакна дека во последните 11 години на семинарите се анимирале 7000 млади од Бугарија, Македонија, Украина, Србија, Молдавија, а целта е младите да добијат нови познавања за технологијата на иднината.

- На Семинарот учествуваат еминентни предавачи кои ќе ги презентираат новите технологии. Целта е да се запознаат со професиите на иднитата, бидејќи ова е генерација на дигиталната технологија и многу добро е да добијат познавања за новостите во оваа област. Посебно с ерадувам што интересот кај младите од пограничниот регион е доста голем што го покажува и присуството на над 200 ученици од неколку општини од регионот, рече Костуров.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој го отвори Семинарот истакна дека со овој настан кој е и своевиден натпревар на знаења за технологијата на иднината, Делчево го сместуваме во семејството на градови кои се грижат и вложуваат во иднината на младите и сакаат да ја промовираат иднината на напредната технологија.  

-Јас како градоначалник, се заложувам младите да добијат поголеми познавања на полето на роботиката и дигиталната технологија и мојата интенција е да се прошират познавањата и да се разбуди интересот за роботиката кај младите. Пораката од денешниот настен е дека дигиталните компетенции се клучни за професиите на иднината и наш приоритет. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на иницијаторот и организаторот на овој настан Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и д-р Милен Врабевски кои преку Програмата за трансгранично пријателство меѓу Македонија и Бугарија, го донесоа дигиталниот свет во Делчево, истакна Трајковски. 

DSC 0069_resize

Соработката меѓу Општина Делчево и Фонадацијата „Бугарско сеќавање“ на д-р Милен Врабевски, посебно во делот на образованието, овозможува надградување на капацитетите на учениците во делот на информатичките технологии и продлабочување на соработката на образовните институции од двете страни на границата. Неодамна околу 60 млади од Македонија од општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица и Виница, учествуваа на дводневната образовна екскурзија која се реализира во Благоевград, соседна Бугарија, делчевски средношколци учествуваа и на интерактивен семинар по роботика и дигитална технологија кој се одржа во Струмица.

Проектот е дел од долгогодишните инвестиции на д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ за професионални и образовни перспективи за зближување на населението од двете страни на границата.

DSC 0065_resize DSC 0067_resize

DSC 0095_resize DSC 0058_resize

DSC 0060_resize

Share/Save/Bookmark