Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0004_resize

Советот на Општина Делчево на 16-та Седница расправаше по 30 точки на Дневниот ред. На Седницата, советниците го донесоа Планот и програмата за развој на Општина Делчево во 2019 година, Кварталниот извештај за работата на Општина Делчево за периодот до 30.09.2018, а покрај другото, советниците по препорака на регулаторната комисија дадоа согласност на Одлуката за утврдување нова тарифа за снабдување со вода за пиење и согласност за нова тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈКПД „Брегалница“.

Планот и програмата за развој на Оптшина Делчево во наредната година предвидува изградба на улици „3“ и „4“ во централното градско подрачје, односно од детската градинка до пешачкиот мост во изградба и новиот пазар. Согласно со Планот и програмата за развој се предвидува изградба на улици во должина од 510 метри, а вредноста на проектот е 6.100.000,00 денари, а средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Делчево.

DSC 0001_resize

DSC 0005_resize DSC 0007_resize

Советниците го усвоија и Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година за периодот 01.01.2018 до 30.09.2018 година. Извршувањето на буџетот на Општина Делчево за третиот квартал 2018 година, изнесува 60%, односно од вкупно планираните 282.925.400 ден.приходи за третиот квартал се реализирани  169.735.443 денари.    Од нив, во основниот буџет, од планирани 103.119.000, а се реализирани  50.683.489 ден. или 49%. Во буџетот на дотации од планирани 134.859.400 приходи реализирани се 93.523.559  или 69,3%, во буџетот на донации од планирани 23.455.000 реализирани се 19.731.958 ден. или 84% и во буџетот на самофинансирачки активности од планирани18.492.000 реализирани се 5.796.437 денари, или 31%.

Во врска со Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2019-2021 година и Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање  и одведување на урбани отпадни води  на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2019-2021 година, директорот на ЈПКД „Брегалница“ , Стојче Стојковски, истакна дека  носењето на овие две одлуки е согласно со пресметките на Регулаторната комисија за енергетика, а по претходно изготвениот бизнис- план за прилагодување на тарифниот модел на претпријатието за периодот 2019-2021 година.

-Иако од страна на регулаторната комисија беше утврдена цена која предвидуваше зголемувањето во делот на водоснабдувањето да изнесува 5,6 денари по метар кубен, по прифатената забелешка дадена од градоначалникот Горан Трајковски, РКЕ прифати цената на водата да биде зголемена за не повеќе од 3 денари. Одлуката, затоа денес се најде пред советниците, а до колку Советот не ја донесе одлуката за зголемување на цената на водата, согласно со Законот тоа ќе го стори Регулатортната комисија за енергетика со што во тој случај водата би била зголемена за 5,6 денари, истакна Стојковски.

DSC 0009_resize

Според анализите на Регулаторната комисија за енергетика, Јавното комунално претпријатие од Делчево подолго време работи со загуба и при определувањето на цените РКЕ е обврзана со Закон, трошоците за вода да не изнесуваат повеќе од три отсто од вкупните трошоци што ги има едно домаќинство. По препораките на РКЕ за 2,8 денари ќе се зголеми и цената на отпадните води кои од сегашната цена од 8 денари се покачува на 10,28 денари.

-Со новата цена сметките за потрошена количина на кубни метри вода во едно домаќинство во просек ќе бидат повисоки за околу 50 до 100 денари. Последното зголемување на цената на водата во Делчево се случило во декември 2009 година, истакна Стојковски.

На Седницата  се усвои и Одлуката за давање на трајно користење на водоснабдителни и канализациони системи на ЈП, а советниците ги донеоа и програмите  за реализација на ученички екскурзии од основните училишта, Годишниот извештај за реализираните активности за 2017 година на Општинскиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, како и одлуки од областа на урбанизмот.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес331
mod_vvisit_counterВчера2011
mod_vvisit_counterОваа недела12357
mod_vvisit_counterПретходна недела15584
mod_vvisit_counterОвој месец44317
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2945593

Присутни online: 22
Ваша IP: 3.226.243.130
,
Денес: Сеп 21, 2019