Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 илинденска потпис

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, потпишаа договор за финансирање  конкретни активности од Локалниот акциски план за имплементација на Стратегијата на Ромите, со средства од централниот буџет.

Согласно со Договорот и планираните активности на Акцискиот план на Општина Делчево со одобрените средства во висина од 180.000 денари се планира доизградба на ул. „Илинденска“, односно крак од оваа улица чиј коловоз поради конфигурацијата на теренот, ќе биде изграден од бетонска плоча.

На настанот во Владата на РМ, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија 2014-2020 година, Аксел Ахмедовски, со градоначалниците на 12 општини коишто имаат подготвено локални акциски планови за имплементација на Стратегијата, потпишаа договори за финансирање конкретни активности со средства од централниот буџет за 2018 година за што се обезбедени три милиони денари како поддршка на општините за имплементација на нивните локални акциски планови за спроведување на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.

На потпишувањето на договорите, министерот Ахмедовски истакна дека суштинските делови на Стратегијата за 2014-2020 опфаќаат повеќе области, односно култура, образование, вработување, здравство и домување и посочи дека средствата кои не се големи, сепак, се доволни да им дадат поттик на општините за поактивна имплементација на локалните акциски планови.  

Share/Save/Bookmark