Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

gradonachalnik

Почитувани сограѓани,

Влегуваме во последните часови од старата година во која имаше многу неизвесности и предизвици, но и убави моменти,реализиравме проекти и заедно со вас работевме да ја направиме нашата Општина, подобро место за живеење. Но, ја испраќаме старата со надеж и со желби за поубава нова година.  За минатата година, велат, зборовите припаѓаат на минатогодишниот јазик. А  во наредната, зборовите очекуваат друг глас – новите предизвици се пред нас,  а во Новата влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми- целта останува иста, подобар квалитет на животот на моите сограѓани.

Во пресрет на новите 365 дена од 2019 година,  во мое име и во име на вработените во локалната самоуправа, Ви посакувам верата и оптимизмот кои ги носат празниците ве следат и во годината која доаѓа, а 2019 да биде исполнета со мир и лично ваше задоволство.

Новогодишни празници да донесат среќа и радост, а годината која доаѓа да Ви ги исполни сите лични желби и  професионални планови.

 Нашата желба е и во иднина, со ваша помош да пронаоѓаме нови и квалитетни решенија и да го  направиме нашето Делчево уште поубаво. Нека е среќна и бериќтена Новата 2019.

Share/Save/Bookmark