Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.168/2017) и член 22 од Закон за работните односи-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.167/2015) а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места бр.08-563/1 31.03.2016 година,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Делчево бр.08-389/2 од 01.03.2018 година и Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација бр.08-2110/1 од 06.12.2018 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:

 

Општина Делчево има потреба од вработување на неопределено работно време на 2(две ) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна единица-ТППЕ за следното работно место:

1.а) -реден број 63.1, шифра-УПР0402Б13000,назив на работното место-Пожарникар спасител,број на извршители 2(два);

б) –општи услови:

  • -кандидатот да е државјанин на Република Македонија;
  • -да е полнолетен;
  • -да има општа здравствена способност за работното место;
  • -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија,дејност или должност и
  • -активно да го користи македонскиот јазик;

-општи работни компетенции на основно ниво:

учење и развој,комуникација,оставрување на резултати,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнатите страни-(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интревју);

в)посебни услови

-стручни квалификации-Средно образование(IV степен);

-работно исксутво :со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;

-други посебни услови:

-сертификат за стекната квалификација пожарникар,(вработениот во Територијалната Противпожарна Единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РМ во спротивно му претстанува вработувањето).

  г)распоред на работно време

-дневно работно време во две смени од 07.00 часот со 19.00часот и од 19.00часот до 07.00 часот, 40 часовно-неделно работно време;

д) паричен износ на плата: 15.240,00 денари.

ѓ) напомена: согласно Годишниот план за вработување за 2019 година вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

 3.а) Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса-

Општина Делчево, ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320 Делчево

Лице за контакт Владимир Мерзликин,телефон:076/404-390;

Пријавата за вработување може да се подигне од Архивата на Општина Делчево или да се превземе од веб страната на Oпштина Делчево:www.delcevo.gov.mk.

Пријавата за вработување треба да содржи:

  • -податоци на кандидатот(име и презиме,матичен број,датум и место на раѓање,адреса и место на живеење,електронска адреса на кандидатот, контакт телефон,припадност на заедницата);
  • -кратко мотивациско писмо;
  • -кратка биографија;
  • -изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделено;
  • -изјава за исполнување на посебниte услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
  • -изјава за исполнување на други посебни услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

            Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната потребна документација:

  • -уверение за Државјанство на Република Македонија(оригинал или заварено на нотар);
  • -диплома за завршено средно образование (оригинал или заверена на нотар);
  • -извод од историјата на вработување од Центар за вработување;
  • -преглед од Фондот за ПИОМ за потврда на работно искуство;
  • -лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место;
  • -уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност издадено од Основен суд;
  • -уверение дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија,дејност или должност издадена од Централен регистер на РМ; 
  • -сертификат за стекната квалификација пожарникар(вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерство за образование и наука на РМ,во спротивно му претстанува вработувањето);

Ненавремени и некомплетени пријави нема да се разгледуваат.

б)постапка за селекција ќе биде спроведена во следните фази:

-проверка на веродостојност на доказите(проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју;

-Градоначалникот со Решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот од осум дена од истекот на рокот за пријавувањето на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

  • Комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.
  • По проверката на веродостојност на доказите,преку емаил или телефонот за контакт наведени во пријавата се закажува ден,час и место каде ќе се изврши интервју.
  • Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми пропишани од Градоначалникот на Единицата на локалната самоуправа.
  • По спроведената постапка за селекција, за секое работно место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидатите кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
  • Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот,кој врши избор во рок од 15(петнаесеет) дена.

Вработениот во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекнатат квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Mинистертсво за образование и наука на РМ, во спротивно му претстанува вработувањето.

 

4. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019 за вработување на неопределено време на 2(две) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

                                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
             ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Трајковски

Доставено до:
-Архива; 

Изготвила:
Џ.Мемедова

Одобрил:
В.Мерзликин

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Јули 2019, 12.30 од Д.Чапевски
ambasadorka   Увид во функционирањето на медицинската опрема обезбедена од Јапонската амбасада денеска направи амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и државниот секретар во Министерството за здравство,...
Објавено на 19 Јули 2019, 08.16 од Д.Чапевски
2019-07-19-07-18-28   Во киносалата во Делчево синоќа се одржа концерт на добро познатиот композитор и музичар од Делчево, Дејан Ѓеоргиевски- Ѕене и Елена Трајанова, одличен вокал и музички педагог. Ѕене е добро...
Објавено на 18 Јули 2019, 14.17 од Д.Чапевски
2019-07-18-13-18-22 Со средства од Програмата за  финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање во 2019 година, Општина Делчево ќе ја заокружи изградбата на локалниот пат...
Објавено на 18 Јули 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-07-18-12-58-37  Општина Делчево во соработка со Регионалниот центар за застапување од Делчево започна процес на изработка на стратешки документ за надворешна комуникација. На денешната работилница на која...
Објавено на 18 Јули 2019, 10.23 од Д.Чапевски
2019-07-18-09-25-37  Музиката од локалните бендови интерпретирана во рамките на првата вечер наменета за локални бендови и оркестри ги измами синоќа делчевци во центарот на градот. На сцената настапија „Универзал...
Објавено на 17 Јули 2019, 11.06 од Д.Чапевски
2019-07-17-10-07-57 Најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија денеска заминаа на патување низ Европа како награда за постигнатиот успех обезбедена од Општина Делчево. Наградените ученици од СОУ „Методи Митевски...
Објавено на 16 Јули 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-07-16-12-49-28 Делчевци од денеска ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ. Оваа Одлука ја донесоа делчевските советници на редовната 27...
Објавено на 16 Јули 2019, 12.08 од Д.Чапевски
2019-07-16-11-11-19   Општина Делчево деновиве интензивно работи на поставување хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во градот кои беа реконструирани претходниот период. Обележувањето и означувањето...
Објавено на 16 Јули 2019, 11.45 од Д.Чапевски
2019-07-16-10-47-09 Делчевци ќе имаат можност да уживаат во музиката интерпретирана од бендови кои работат во Делчево во рамките на двете музички вечери посветени на оркестри и музички групи, а со цел нивна...
Објавено на 12 Јули 2019, 10.12 од Д.Чапевски
a-a--------- Општина Делчево отвори сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Донации можат да уплаќаат и правни и физички лица.  Фирмите,...
Објавено на 11 Јули 2019, 14.01 од Д.Чапевски
2019-07-11-13-15-20   Со прочистување на земјените поатишта во атарот на селото Разловци започна годинешната активност за прочистување и порамнување на земјените коловози и  прочистиување на канавките за...
Објавено на 10 Јули 2019, 13.30 од Д.Чапевски
-11072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден 11.07.2019 година (четврток), со почеток од 21 часот ќе врши теристичка (од земја) дезинсекција (прскање против комарци) на територијата на...
Објавено на 05 Јули 2019, 09.20 од Д.Чапевски
2019-07-05-08-22-40 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на ден петок 05.07.2019 г. во 19:00 ч и сабота 06.07.2019г. во 19:00 ч ќе се врши обележување на дел од улица „Маршал Тито“ со хоризонатална и вертикална...
Објавено на 04 Јули 2019, 12.41 од Д.Чапевски
2019-07-04-11-47-51  Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на нова дренажа со која ќе се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем во село Разловци. Со градежна и друга...
Објавено на 03 Јули 2019, 11.10 од Д.Чапевски
----------2019- Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за...
Објавено на 03 Јули 2019, 08.54 од Д.Чапевски
-26- 26. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 08.07.2019 година (понеделник) во 14.30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 02 Јули 2019, 10.29 од Д.Чапевски
2019-07-02-09-30-42 Деновиве ќе започне изградбата на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната како Станбената...
Објавено на 01 Јули 2019, 12.07 од Д.Чапевски
2019-07-01-11-08-35   Стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје, Кочани, Пе Делчево, ЈПКД „Брегалница“ од Делчево и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево денеска извршија...
Објавено на 01 Јули 2019, 08.17 од Д.Чапевски
-2019 Со промоција на дебитантскиот краток роман „Бдеењето над себе“ од младата делчевка Дијана Петрова што ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во фоајето на Спомен-домот „АСНОМ“, започнува Делчевското...
Објавено на 01 Јули 2019, 08.12 од Д.Чапевски
2019-07-01-07-15-09 Советот на млади на Општина Делчево и ова летоќе организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани екипи да се...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1650
mod_vvisit_counterВчера2377
mod_vvisit_counterОваа недела1650
mod_vvisit_counterПретходна недела15138
mod_vvisit_counterОвој месец39788
mod_vvisit_counterПретходен месец72580
mod_vvisit_counterВкупно2817363

Присутни online: 31
Ваша IP: 54.81.220.239
,
Денес: Јул 21, 2019