Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18) ,член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.168/2017) и член 22 од Закон за работните односи-Пречистен текст(Службен Весник на Република Македонија бр.167/2015) а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места бр.08-563/1 31.03.2016 година,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Делчево бр.08-389/2 од 01.03.2018 година и Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација бр.08-2110/1 од 06.12.2018 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:

 

Општина Делчево има потреба од вработување на неопределено работно време на 2(две ) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна единица-ТППЕ за следното работно место:

1.а) -реден број 63.1, шифра-УПР0402Б13000,назив на работното место-Пожарникар спасител,број на извршители 2(два);

б) –општи услови:

-општи работни компетенции на основно ниво:

учење и развој,комуникација,оставрување на резултати,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнатите страни-(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интревју);

в)посебни услови

-стручни квалификации-Средно образование(IV степен);

-работно исксутво :со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како работен стаж;

-други посебни услови:

-сертификат за стекната квалификација пожарникар,(вработениот во Територијалната Противпожарна Единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РМ во спротивно му претстанува вработувањето).

  г)распоред на работно време

-дневно работно време во две смени од 07.00 часот со 19.00часот и од 19.00часот до 07.00 часот, 40 часовно-неделно работно време;

д) паричен износ на плата: 15.240,00 денари.

ѓ) напомена: согласно Годишниот план за вработување за 2019 година вработувањето е предвидено за Македонец(ка).

 3.а) Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса-

Општина Делчево, ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320 Делчево

Лице за контакт Владимир Мерзликин,телефон:076/404-390;

Пријавата за вработување може да се подигне од Архивата на Општина Делчево или да се превземе од веб страната на Oпштина Делчево:www.delcevo.gov.mk.

Пријавата за вработување треба да содржи:

            Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната потребна документација:

Ненавремени и некомплетени пријави нема да се разгледуваат.

б)постапка за селекција ќе биде спроведена во следните фази:

-проверка на веродостојност на доказите(проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју;

-Градоначалникот со Решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот од осум дена од истекот на рокот за пријавувањето на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Вработениот во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекнатат квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Mинистертсво за образование и наука на РМ, во спротивно му претстанува вработувањето.

 

4. Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи.

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2019 за вработување на неопределено време на 2(две) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево

                                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
             ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Трајковски

Доставено до:
-Архива; 

Изготвила:
Џ.Мемедова

Одобрил:
В.Мерзликин

Share/Save/Bookmark