Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

DSC 0025_resize

Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2018/2019 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 12 средношколци кои аплицираа во двете категории согласно со јавно објавениот Конкурс и 9 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од Буџетот на Општина Делчево за период од 9 месеци.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој им ги врачи решенијата, истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.

- Ми претставува посебно задоволство што еве и денеска го заокружуваме процесот со кој доделуваме ученички и студентски стипендии на нашите млади талентирани ученици и студенти. Повторно ќе истакнам дека сум горд на успесите на нашите ученици, но и на квалитетот на наставниот процес во делчевските училишта. Јас, во оваа прилика, им порачувам на талентираните ученици да продолжат да постигнуваат резултати во образованиот процес, да се натпреваруваат со знаења, бидејќи тоа ќе ги изгради како личности во животот и ќе им го зацрта професионалниот пат, рече Трајковски.

Тој додаде дека бројот на предвидени стипнедии согласно со Програмата е зголемен од минатата година од 12 на 24 стипендии. Оваа година почитувајќи ги критериумите, Комисијата одлучи да се доделат 12 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1000 денари, односно 1,500 денари и 9 студентски стипендии во износ од 2000 денари, односно 3,500 денари, средства кои ќе се исплаќаат за период од 9 месеци, а се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

DSC 0004_resize

-Мора да истакнам дека како Општина го следиме успехот на учениците и, освен овие стипендии, доделуваме и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, потоа награди за освоени високи места на државни и меѓународни натпревари, а Општина Делчево доделува и наградно патување низ Европа на 10-те најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“. За овие награди и стипендии, Општината лани има исплатено 780.000 денари,износ кој е проектиран и во овогодишниот буџет, рече Трајковски.

DSC 0007_resize

Share/Save/Bookmark