Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 21.01.2019 година, донесe

 РЕШЕНИЕ за свикување на Деветнаесеттата  редовна седница на Советот на Општина Делчево

 19. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 28.01.2019 (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево. За седницата е предложен следниот Дневен ред

-Усвојување на Записникот од 18 седница

 1.Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач:Драган Маневски-Претседател на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2019 година.

  1. Предлог-Програма за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2019 година со Одлука за давање согласност на  Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2019 година;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

  1. Предлог-Годишна програма за одбележување настани и културни манифестации за 2019 година;

  2. Предлог-Програма за промоција и комуникација со јавноста за 2019 година на Општина Делчево;

Образлагач: По точките 3 и 4-Даниела Такева-Претседател на Комисијата за култура.

  1. Предлог-Програма за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2019 година;

Образлагач: Сузана Петровска-Општински координатор за еднакви можности  на жените и мажите на Општина Делчево.

  1. Предлог-Програма за решавање на Проблемот со кучињата скитници на подрачјето на општина Делчево за 2019-2020 година;

Образлагач: Винко Ангеловски-Виш соработник за развој и управување со човечки ресурси.

  1. Извештај за реализирани активности за 2018 година на ЈЛБ „Илинден“-Делчево со Заклучок за усвојување;

  2. Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2019 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:  По точките 7 и 8-Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

  1. Годишен Извештај за спроведување на Програмата за јавна чистота во Општина Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување;

  2. Предлог-Програма за одржување на јавна чистота во Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач: По точките 9 и 10- Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животна средина и комунална инфраструктура.

  1. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;

  2. Предлог-Одлука за проширување на Буџетот на Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач:  По точките 11 и 12-Анка Христова-Раководител на Одделение за буџетска контрола.

  1. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2019 година;

  2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Станбена куќа зграда број 1 по барање на Цветанка Десподова;

  3. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Помошен објект зграда број 1 по барање на Цветанка Десподова;

  4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Помошен објект зграда број 3 по барање на Цветанка Десподова;

  5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Станбена куќа зграда број 1 по барање на Соња Захариевска;

  6. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Викенд куќа зграда број 1 по барање на Љупчо Миленковски;

  7. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат, Станбена куќа зграда број 1 по барање на Војо Лесовски;

Образлагач: По точките 13,14,15,16,17,18 и 19- Горан Петровски-Советник за урбанизам.

  1. Измена  на Годишниот план за вработување на Општина Делчево за 2019 година;

Образлагач: Владимир Мерзликин-Секретар на Општина Делчево.

  1. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2018 година;

  2. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Делчево за 2018 година;

  3. Предлог-Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Делчево.

Образлагач: По точките 21,22 и 23- Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште.

  1. Полугодишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“ - Делчево со заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „СВ.Климент Охридски„

 

II

    Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09-114/1
21.01.2019 година                              
Д е л ч е в о                                                  

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
 Претседател,
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark