Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0005_resize

Ученици од делчевската гимназија „М.М.Брицо“ и двајца нивни професори попладнево патуваат за Љубљана со мисија за збратимување со гимназијата „Полјане“. Посетата на учениците е во рамките на годишната Програма на СОУ „М.М.Брицо“, а целта  на патувањето е проширување на соработката меѓу двете училишта, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

Директорот на училиштето Љупчо Прачковски истакна дека иницијативата за збратимување меѓу двете училишта постои поодамна и е резултат на добрата соработка меѓу културно-уметнички друштва од училиштето и од Делчево.

- Во Словенија ќе патуваат 18 ученици од трета година, а  патувањето ќе се реализира од 26.01.2019 до 02.02.2019 година. Целта на патувањето е збратимување на двете гимназии, размена на искуства меѓу учениците.  Учениците ќе следат 7- дневна планирана програма, опфатено е учество во  редовната настава во училиштето на англиски и на словенечки јазик. Исто така, се планира и посета на културно-историски знаменитости од Љубљана и Словенија.  Нашата гимназија за прв пат ќе има мошност да реализира ваков вид на посета на образовен центар кој работи по европски терк. Очекуваме нашите ученици да бидат амбасадори на нашето училиште, градот и државата и да се стекнат со нови искуства од држава  која оваа година е прогласена за најчиста држава во Европа, истакна Прачковски.

Учениците од Словенија ќе ја посетат делчевската гиманзија во текот на април. Инаку, делчевската гимназија е збратимена и со средношколскиот училишен центар „Кузман Шапкарев“ од Благоевград.

DSC 0006_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1125
mod_vvisit_counterВчера2377
mod_vvisit_counterОваа недела13498
mod_vvisit_counterПретходна недела18543
mod_vvisit_counterОвој месец52748
mod_vvisit_counterПретходен месец73356
mod_vvisit_counterВкупно2608754

Присутни online: 40
Ваша IP: 54.235.4.196
,
Денес: Апр 20, 2019