Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), Градоначалникот на Општина Делчево објавува 

 ЈАВЕН ПОВИК

За доделување финансиска поддршка на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2019 година

 

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе вршираспределба на средства од Буџетот на Општината за 2019 година кои сенаменетизa финансиска помош на здруженија на граѓани согласносо Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно со утврдените критериуми објавени во овој повик.
Се повикуваат сите граѓански здруженија кои се регистриранина подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.

        

I.Приоритетнитеобласти и целиза финансирање проектни и програмски активности се:

-          локалниот економски развој;
-          техниката;
-          образованието;
-          културата;
-          уметноста;
-          социјалната заштита;
-          заштитата на животната средина.

 Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево.

 II.Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои ги исполнуваат следните општи услови:
-          Да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот;
-          Да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

  III.Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќе се пријават на овој повик се:

-       Предлог- проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на Општината;

-       Предлог-проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области;

-       Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата.

 

IV.Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќесе пријават на ово јповик се:

 

 

Критериуми

поени

1.

Организациски капацитет

20

2.

Квалитетот на програмата/проектот

65

 

Релевантност на акцијата (колку целите кореспондираат со стратешките документи на општината)

 

20

 

Колку резултатите од активностите се остварливи и мерливи

 

10

 

Ефекти во локалната средина (влијание

Врз целни групи)

15

 

Видливостнапроектот и неговаодржливост (медиумска покриеност, број на обучени луѓе итн.)

10

 

Оргиналност и иновативност

10

3.

Буџет (соодветно изразени активности во

буџетот и оправданост на трошоците)

15

 

 V.Потребна документација која треба да ја достават граѓанските здруженија :

-          Тековна состојба од Централен регистар на Р.М. не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;

-          решение за упис во регистарот на Здруженија и фондации(Копија);

-          предлог-проект ;

-          годишна програма на активности за тековната година;

-          извештај за искористени средства од Општина Делчево(за оние кои добиле средства во претходната година);

-          профил на организацијата со листа на досега реализирани проекти- CV;

-          изјава од одговорното лице на здружението дека за истиот проект нема одобрено или добиено финансиски средства од други институции или организации.

-      ПРИЈАВА

 

 VI.Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на тековната година, односно до 31.12.2019година.VII.
       
Висината на финансиската поддршка која поединечно може да ја добие здружението на граѓани во тековната година може да изнесува најмногу до 100.000денари.

 VIII.Рокот за пријавување изнесува 15 дена, започнувајќи од 28.01.2019година а крајниот рок за поднесување на пријави е 11.02.2019година.

 IX.Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

 

-          Пријавата заедно со документација од точка V се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

-          Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Неотварај“ и со назнака „За јавен повик за доделување финансиска помош на граѓански здруженија“ до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: „Светозар Марковиќ“. бр.1,Делчево.

-          Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчево e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака „За јавен повик за доделување на финансиска поддршка на граѓански здруженија“. 

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Трајковски

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Октомври 2019, 12.12 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 18 Октомври 2019, 10.51 од Д.Чапевски
2019-10-18-09-53-51 Во завршна фаза е поставувањето на сообраќајната сигнализација на улиците „Светозар Марковиќ“,  дел од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Питу Гули“ , активност што е во рамките на проектите за...
Објавено на 17 Октомври 2019, 14.11 од Д.Чапевски
2019-10-17-13-14-14 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве работат на поставување атмосферска канализација на улиците „Царевоселска“ и „Кеј на Брегалница“ со што ќе се реши децениски проблем поврзан со поплави во оваа...
Објавено на 17 Октомври 2019, 10.55 од Д.Чапевски
2019-10-17-09-56-55 Општина Делчево ги известува жените претпримечи, но и лицата кои се занимаваат со уметност или имаат свои занаети дека можат да ги изложат своите производи и да ги прошират своите деловни партнерства на...
Објавено на 17 Октомври 2019, 09.25 од Д.Чапевски
-022019- Општина Делчево објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник за следното работно место:   УПР0101В01000,Советник-Овлатен инспектор за градежништво, 1(еден)...
Објавено на 16 Октомври 2019, 07.24 од Д.Чапевски
2019-10-16-06-30-21  Специфичниот геолошки профил на карпи кај делчевското село Ѕвегор е прогласен за природна реткост. Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на Законот за заштита на...
Објавено на 14 Октомври 2019, 13.12 од Д.Чапевски
-29- 30 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 21.10.2019 година (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 14 Октомври 2019, 12.29 од Д.Чапевски
2019-10-14-11-35-24 Машинскиот парк на ЈКП„Брегалница“ Делчево од денеска е побогат со нова современа машина ровокопач.Станува збор за машина- ровокопач вредна на 62.550 евра, а набавена во рамкитена проектот...
Објавено на 09 Октомври 2019, 08.57 од Д.Чапевски
2019-10-09-08-01-17 | Секоја година, првата полна седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска...
Објавено на 30 Септември 2019, 11.17 од Д.Чапевски
-50 Извршувањето на буџетот на општина Делчево за вториот квартал од 2019 година изнесува 49,27%, односно од вкупно планираните 279.783.412 ден.приходи  за вториот квартал се реализирани...
Објавено на 27 Септември 2019, 14.19 од Д.Чапевски
-info-sovet-inbox-x-daniela-takeva-1447-14-minutes-ago-to-me-valeri-vlatko-translate-message-turn-off-for-macedonian-29  Делчевските советници на 29-та редовна Седница ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акцискиот план на Општина Делчево. Стратешките документи...
Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1598
mod_vvisit_counterВчера1706
mod_vvisit_counterОваа недела1598
mod_vvisit_counterПретходна недела16734
mod_vvisit_counterОвој месец45197
mod_vvisit_counterПретходен месец70377
mod_vvisit_counterВкупно3014548

Присутни online: 37
Ваша IP: 34.204.189.171
,
Денес: Окт 20, 2019