Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 ЈАВЕН ПОВИК

За доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2019 година

  

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските организациии да се придонесе во развојот на спортот на локално ниво, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2019 година кои се наменети зa финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот согласно со Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно со утврдените критериуми објавени во овој повик.

Се повикуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште и правни лица во областа на спортот кои се регистриранина подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.          

I.Право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат следните општи услови:

-          Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација;
-          Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

 

 Право на учество имаат спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево;

 Право на учество имаат правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво. 

II.Основни критериуми кои треба да ги исполнуваaт субјектите кои ќе се пријават на овој повик се:
-          Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
-          Да ја реализираат утврдената програма за развој на спортот;
-          Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
-          Да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија;
-          Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

  III.Посебни критериуми врзоснованакоиќесеврши оценување на спортски клубови и спортски здруженија:


Години на постоење на клубот

Над 51 год.

25 бодови

од 31 до 50 години

20 бодови

од 21 до 30 години

15 бодови

од 11 до 20 години

10 бодови

од 1 до 10 години

5 бодови

 

Масовност- Број на членови

Над 100 членови

25 бодови

од 51 до 100 членови

20 бодови

од 21 до 50 членови

15 бодови

од 11 до 20 членови

10 бодови

од   1 до10 членови

5 бодови

 

Лига во која се натпреваруваат

Прва лига

25 бодови

Втора лига

20 бодови

Трета лига

15 бодови

Општинска лига

10 бодови

Турнирска

5 бодови

 

Остварени успеси од претходната сезона

Ранг на натпревари

1-5 место

Средина на табела

Дното на табела

Прва лига

10 бодови

9 бодови

8 бодови

Втора лига

7 бодови

6 бодови

5 бодови

Трета лига

4 бодови

3 бодови

1 бодови

 

 

Број на репрезентативци кои настапиле во претходната сезона за репрезентацијата

За1 репрезентативец

5 бода

 IV.Потребна документација која треба да ја достават Спортските клубови и спортските здруженија :

-          Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;
-          решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт(копија);
-          годишна програма за работа во тековната година;
-          извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година   (доколку користеле средства) ;
-          листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;
-          листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;
-          официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.

 

Правните лица во областа на спортот кои ќе се пријават на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево кон пријавата треба да достават:

 

-          тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;

 

-          програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;

 

-          извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година   (доколку користеле средства).

 

 V.Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие спортскиот клуб, спортското здружение и правни лица во областа на спортот може да изнесува најмногу до 300.000денари.

VI.Рокот за пријавување изнесува 15 дена започнувајќи од 28.01.2019 година, а крајниот рок за поднесување пријави е 11.02.2019 година.


VII.        Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

-            заедно со документација од точка IV се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

-          Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со назнака „Неотварај“ и со назнака „За јавен повик за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот“ до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: „Светозар Марковиќ“. бр.1,Делчево.

-          Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчево e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака „За јавен повик за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот.

ПРИЈАВА

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Горан Трајковски

   

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 06 Декември 2019, 10.44 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-47-39 Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-36-52 Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на...
Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 28 Ноември 2019, 08.09 од Д.Чапевски
2019-11-28-07-17-59 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево во партнерство со Здружението „Бравура кооператива“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, ЈЛБ „Илинден“ ,...
Објавено на 27 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-27-13-16-09     Со пригодна свеченост денеска во Делчево Здружението Фолклорна група „Копачка“ одбележа 5 години од впишувањето, на ова по многу нешта уникатно оро, на Репрезентативната листа на...
Објавено на 27 Ноември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-11-27-11-13-22 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од канализациската мрежа  во селото Стамер со што се решава долгогодишен проблем за жителите во ова село.  Станува...
Објавено на 25 Ноември 2019, 15.19 од Д.Чапевски
2019-11-25-14-21-59 Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата ЦИВИНЕТ Сло-Хр-ЈИЕ која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата ЦИВИНЕТ  им дава можност на членките да бидат...
Објавено на 23 Ноември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
-200-   Јавори, јасени, липи и чемпреси се засадуваа денеска во урбаниот дел од градот по однапред направен распоред од одговорните лица во Општина Делчево. Во акцијата „За почист воздух“се вклучија...
Објавено на 22 Ноември 2019, 14.53 од Д.Чапевски
2019-11-22-13-55-26   На денешната Седница на Советот за социјална заштита на Општина Делчево беше донесен Социјалниот план за 2020 година на Општина Делчево во кој се содржани  главните активности на...
Објавено на 22 Ноември 2019, 10.34 од Д.Чапевски
-------200- Сѐ е поготвено за акцијата за пошумување во урбаниот дел од градот која ја организира Општина Делчево, а ќе се одржи утре на 23.11.2019, сабота . За таа цел, Општина Делчево ги повикува сите граѓани,...
Објавено на 21 Ноември 2019, 10.07 од Д.Чапевски
-2020- Изградбата на градскиот пазр во Делчево е приоритетен проект во Програмата за развој на Општина Делчево за 2020 година усвоен од советниците на 31 Седница на Советот на Општина Делчево. Целта на...
Објавено на 20 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-20-13-43-25  Советниците на денешната 31 Седница на Советот на Општина Делчево ја усвоија Одлуката за основање Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад. Согласно со Одлуката, Заедничкото...
Објавено на 19 Ноември 2019, 08.40 од Д.Чапевски
2019-11-19-07-46-39  Во Општина Делчево има 27 згради за колективно домување, од кои 22% имаат лифт,  а 55% имаат деловни простории, додека најстарата зграда е изградена во 1950 година. Овие податоци стојат во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес960
mod_vvisit_counterВчера1851
mod_vvisit_counterОваа недела10986
mod_vvisit_counterПретходна недела20677
mod_vvisit_counterОвој месец14069
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3123749

Присутни online: 19
Ваша IP: 35.170.81.210
,
Денес: Дек 06, 2019