Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

GUP slika1

Во партнерство со Владата и Агенцијата за планирање на просторот, Општина Делчево по период од 20 години, изработува Генерален урбанистички план со што ќе се решат сите тесни грла во досегашното урбанистичко планирање,  но и ќе се предвиди идниот развој на градот Делчево.

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски го истакна значењето на изработката на овој основен документ за урбанистичко уредување и развој на градот, потенцирајќи дека ГУП претставува урбанистички устав на еден град, а врз основа на ГУП се изработуваат деталните урбанистички планови.

-Новиот ГУП ќе биде проширен и ќе опфати минимум 430 хектари површина со можност за понатамошно проширување. Со ГУП ќе се направи анализа на постоечките намени и ќе се утврдат потребите за нови намени согласно со актуелните потреби на градот, а ќе се решат и одредени критични точки. Исто така, ќе биде утврдена анализа на постоечката сообраќајна, електро, водоводна и др. вид инфраструктура, а ќе бидат дадени и предвидувања и насоки за идниот развој. Претходните планови на Делчево се со истечен рок. Односно последниот генерален урбанистички план бил изработен во 1999 г, а негова делумна измена била направена во 2008 г. Ако потсетиме дека важноста на еден ГУП е 10 години, тогаш можете да замислете колку е значајно донесувањето на овој урбанистички план за Делчево, истакна Трајковски.

Новиот  ГУП на Делчево веќе се работи, а работите треба да завршат до крајот на оваа година.

-Делчево не може да остане заробено во минатото и развојот да го потпира на стари планови. Мојата интенција е планска изградба на Делчево, решавање на урбанистичките проблеми и почитување на основните урбанистички документи кои не само што ќе ја олеснат работата во областа на урбанизмот на самата општинска администрација, туку ќе дадат чиста слика и за идните инвеститори, но и за сопствениците на индивидуални објекти. Изработката на ГУП чини илјадници евра и таа е комплетно покриена од Владата на РМ и како инвестиција е влезена во Програмата за инвестиции на Агенција за планирање на просторот, рече Трајковски.

Со ГУП-от се регулираат: граница на планскиот опфат која претставува граница на градот,граници на зони според намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба,примарна сообраќајна мрежа со нивелманско решение,примарни водови и градби од сите градски инфраструктури, граници на урбани подрачја за детално планирање на просторот,граници на споменички целини и други заштитени подрачја, целта и средствата на планските решенија,општи и посебни услови за просторен развој, параметри за спроведување на планот, плански услови за детално планирање на просторот, стратешка процена на влијание врз животната средина, мерки за заштита на културното наследство, мерки за природата и животната средина, нумерички податоци за површините на градежното земјиште, наменска употреба на земјиштето во рамките на регулациона линија, густината и површината на планираната изградба,податоци за инфраструктурните водови и градби.

Share/Save/Bookmark