Среда, 30 Јануари 2019 15:23
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2019 година во Делчево, Мила Стојковска. Малата Мила е родена на 6 јануари во државната болница во Скопје, а таа е и првородено дете во семејството на Марија и Дарко Стојковски.
Традиционално, градоначалникот му додели 10.000 денари, а на семејството Стојковски им ја честиташе радоста.
- Делчево се радува на првото бебе во оваа 2019 година кое е родено на Бадник, 6 јануари. Посакуваме малата Мила да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радости на нејзините родители. Продолжувајќи ја традицијата, Општина Делчево доделува 10 илјади денари за првороденото во Делчево. Поради фактот што наши деца се раѓаат во болниците во државава, а во родилиштето во Здравствениот дом во Делчево се вршат многу мал број раѓања, или по желба на родителите или по проценка на матичните гинеколози, годинава одлучивме паричната награда да ја доделиме на првото родено новороденче чии родители живеат во Делчево, а согласно со евиденцијата на Здравствениот дом и службата за превенција и имунизација, рече Трајковски.
Инаку, Општина Делчево за новороденчиња во Општината исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината. Минатата година по оваа основа се исплатени 316.000 денари за 102 новороденчиња во Општината.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.