Петок, 08 Февруари 2019 09:56
Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“.
На средбата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.
Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија во Руската Федерација.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.