Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

edukacija slivi

Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомен-домот АСНОМ ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема „Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“.

На средбата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.

Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија  во Руската Федерација.

Share/Save/Bookmark