Четврток, 21 Март 2019 11:12
Подигнување на јавната свест за учесниците во сообраќајот, реализација на сообраќајни кампањи и манифестации се дел од активностите кои се предвидени во Годишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Делчево. Програмата беше усвоена од новиот состав на ОСБСП- Делчево, а претседателката на ова тело, Николина Петровска-Мавродиева потенцираше дека ОСБСП- Делчево во наредниот период ќе се фокусира на спроведување на активностите за реализација на мерки за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во општина Делчево.
-На двете последователни седници беше избран нов секретар на Советот и беа донесени актите за работа на Советот. Исто така, беше усвоена и Годишната програма за активности во текот на 2019 година во која се предвидени 12 активности меѓу кои и кампањите за подигнување на јавната свест за безбедно и одговорно учество во сообраќајот распределени по целни групи и акции за спроведување воспитно-сообраќајни манифестации, истакна Петровска-Мавродиева.
Инаку, главни задачи на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, меѓу другото се:
- унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно – образовната работа на предучилишните установи и училиштата;
- остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на самозаштита во областа на сообраќајот на патиштата;
- организирање и учество во сообраќајно – воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива.
Годишната програма ќе биде доставена на разгледување и усвојување и до Советот на Општина Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.