Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

Под мотото „Сите се грижиме за здрава животна средина“, денеска Општина Делчево го одбележа Светскиот ден на водите, 22 март.

На настанот организиран на кејот на реката Брегалница во Делчево, учествуваа ученици од двете деветолетки од градот кои беа дел од предавањата подготвени од професори по биолгија и географија, а поврзани со значењето на водата. Учениците зедоа активно учество и во квизот одговорајќи на прашања поврзани со водните ресурси во Пијанец, живиот свет во реката Брегалница и за употребата и значењето на водата.

Со овој настан, Општина Делчево се вклучува во глобалната акција свртувајќи го вниманието на јавноста со порака за поголема свест за проблемите поврзани со водата и водните ресурси.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски по тој повод истакна дека овој ден е значаен за подигнување на свеста на луѓето на локално и на глобално ниво за проблемите поврзани со водата и водните ресурси.

- Правото на чиста вода за пиење е елементарно човеково право, а заложбите и приоритетите на  Општината е чиста вода за пиење за сите граѓани. Водејќи се од ова мото, ние како Општина и со поддршка на нашите пријатели од Швајцарската конфедерација и Министерството за животна средина, преку големиот проект „Водоснабдување на Делчево“, вреден 7, 3 милиони швајцарски франци, го решаваме проблемот со водоснабдувањето. Очекувам дека за три години со реализација на сите инфраструктурни зафати предвидени во проектот, Делчево и околните села, Звегор и Габрово, ќе ја користат привилегијата - чиста вода за пиење, рече Трајковски.

DSC 0007_resize

Во 1992 година на Конференцијата одржана во Рио Де Женарио, официјално од страна на  Обединети нации овој ден е прогласен како Светски ден на водата, а во 1993 на 22 март за прв пат беше одбележан на глобално ниво. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и на здравјето на целиот жив свет. Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена. Експертите алармираат дека до средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг од вода, бидејќи бројот на жители на Земјата се зголемува, а водените ресурси се намалуваат.

Помалку од 1 отсто од водата на Земјата е употреблива за пиење, а како што се зголемува бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење. Нашата земја е во групата земји во светот со многу висок пристап до безбедна вода за пиење. Во 2018 година пристап до безбедна вода за пиење имале 97% од населението во државава, наспроти 95% во 2010 година.

DSC 0009_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 12 Јуни 2019, 13.52 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-53-36 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ денеска го одржа вториот состанок на кој беа потврдени досегашните активности, но и беа дефинирани  идните чекори кои остануваат...
Објавено на 12 Јуни 2019, 13.44 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-47-26 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работеа на санирање и уредување на детското игралиште во населбата Милково Брдо. На овој терен се поставуваше нова заштитна ограда,се поправаа реквизитите...
Објавено на 07 Јуни 2019, 13.46 од Д.Чапевски
sovet   На 24 Седница на Советот на Општина Делчево, делчевските советници едногласно ја поддржаа Одлуката за кофинансирање на Општина Делчево во проектот за изградба на капела во Делчево во висина од...
Објавено на 07 Јуни 2019, 12.35 од Д.Чапевски
2019-06-07-11-38-06  Заврши асфалтирањето на дел од  улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Денеска изведувачот СД Транс ги асфалтираше планираните 190 метри, каде претходно беше поставена атмосферска...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.15 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-16-12  Општина Делчево ги известува сите правни и физички лица од Општината кои не го платиле долгот за данок на имот и комунална такса за истакната фирма, тоа да го направат најдоцна до 15.06.2019, во...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.04 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-06-27 Во Делчево 148 деветтооделенци годинава го завршуваат основното образование. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ деветто одделение завршуваат 15 ученици, а во ООУ „Ванчо Прке“ 73. Традиционално, крајот на...
Објавено на 07 Јуни 2019, 08.51 од Д.Чапевски
2019-06-07-07-53-36 Улицата во центарот на градот која ја поврзува зградата на ТППЕ Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ со централната сообраќајница „Никола Јонков Вапцаров“ доби асфалт. Изведувачот СД-Транс ја заврши изградбата на...
Објавено на 06 Јуни 2019, 13.20 од Д.Чапевски
2019-06-06-12-22-08 Сокриени во густа борова шума, далеку од очите на секојдневието, некаде меѓу легендата и раката на уметникот со име природа, ги поминуваат деновите во овој нов век, скаменетите сватови. Збиени еден до...
Објавено на 06 Јуни 2019, 08.04 од Д.Чапевски
2019-06-06-07-06-05 ЈПКД „Брегалница“ од Делчево доби донација од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија за набавка на машина за чистење на канализационата мрежа. Вредноста на донацијата...
Објавено на 06 Јуни 2019, 07.36 од Д.Чапевски
2019-06-06-06-38-41  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, деновиве престојува на Форумот на градови и региони „Инвестирање во Западен балкан-Инвестирање во Европа“ што се одржува во Жежов-Полска од 4...
Објавено на 05 Јуни 2019, 09.02 од Д.Чапевски
2019-06-05-08-04-51 Општина Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ продолжува со уредување на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога. Во моментов се работи на изградба на тротоарите пред станбениот...
Објавено на 31 Мај 2019, 13.40 од Д.Чапевски
----24------- 24. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 07.06.2019 година (петок) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 31 Мај 2019, 10.43 од Д.Чапевски
2019-05-31-09-47-57 Интензивно се работи на изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Од денеска се поставува челичната конструкција во должината од 60 метри, распонот е од 42 метри, а ширината на...
Објавено на 31 Мај 2019, 08.47 од Д.Чапевски
2019-05-31-07-48-24 Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, во Општина Делчево во тек е пријавувањето за избор на најубаво уреден двор. Досега...
Објавено на 30 Мај 2019, 10.05 од Д.Чапевски
2019-05-30-09-07-05 Се поставува атмосферска канализација на улица „Григор Прличев“ во населбата Милкови Брдо со што се решава уште еден голем проблем за жителите од оваа улица. Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве...
Објавено на 29 Мај 2019, 10.54 од Д.Чапевски
2019-05-29-09-56-46 По скоро две децении во Делчево се чистат резервоарите за вода. Со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење, ЈПКД „Брегалница“ , покрај редовното чистење и перење на примарната и на секундарно...
Објавено на 27 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
2019-05-27-08-15-53 Во тек е реконструкцијата на старата водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во населбата Милково Брдо. Старата и дотарена водоводна инсталација на оваа улица изградена од поцинковани цевки, каде се...
Објавено на 24 Мај 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-05-24-09-12-00  Делчево е домаќин на научна трибина посветена на годишнината од смртта на најмаркантната личност од сесловенската историја, Константин Кирил Филозоф. Одбележувајќи 1150 години од смртта на...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-51-28  Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и...
Објавено на 23 Мај 2019, 13.37 од Д.Чапевски
2019-05-23-12-41-22  Приказната на теракотните икони од Виничко кале раскажана преку изложбата Ранохристијански керамички релјефи од Виничко Кале, денеска  ја слушнаа и видоа граѓаните на Делчево. Изложбата е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1349
mod_vvisit_counterВчера2231
mod_vvisit_counterОваа недела6215
mod_vvisit_counterПретходна недела17455
mod_vvisit_counterОвој месец47204
mod_vvisit_counterПретходен месец71910
mod_vvisit_counterВкупно2754641

Присутни online: 34
Ваша IP: 54.161.31.247
,
Денес: Јун 19, 2019