Среда, 03 Април 2019 10:40
Нови косилки за одржување на градското зеленило во Делчево набави ЈПКД „Брегалница“. Набавени се две грбни косилки-тримерки Husqvarna и две моторни косилки со бензински мотор на сопствен погон марка Husqvarna со вкупна вредност од 152700 денари.
Согласно со Годишната програма за работа и Програмата за јавна чистота, Секторот за паркови и зеленило се грижи за чисти и уредни јавни површини и паркови, а за успешно извршување на овие активности во текот на претходниот период беа набавени две грбни косилки-тримерки марка Husqvarna и една тракторска косилка со седиште со корпа за собирање на откосот за големи тревници.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.