Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

peshachki

Со цел поголема безбедност во сообраќајот во градот, посебно на пешаците, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на сообраќајниците.  Активноста, обележување на хоризонталната сигнализација, спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се преземаат мерки во текот на годината, заради обезбедување услови за безбедно користење и употреба на улиците.

Според планот, најпрво ќе бидат обележани пешачките премини на примарната улична мрежа, а  потоа ќе се пристапи кон обележување на пешачките премини на секундарната улична мрежа, каде има поголема фреквенција на пешаци.

Обележувањето го вршат екипи на  ЈПКД „Брегалница“, а средствата за реализација ги обезбедува Општина Делчево.

 

Share/Save/Bookmark