Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0038-1_resize

Се решава долгогодишниот проблем со улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Во тек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Македонска“ со која е опфатена должина од 190 метри на улицата и со која е предвидено отстранување на стариот асфалтен слој и старите рабници и поставување нов слој асфалт и нови рабници.

Градоначалникот Горан Трајковски денеска направи увид во текот на работите, при што истакна дека решавањето на инфраструктура останува и понатаму приоритет број еден за Општина Делчево.

-Несопходна беше реконструкцијата  на оваа улица, каде претходно беше поставена атмосферска канализација. Со новиот асфалт, со претходното тампонирање, нивелирање на постојните шахти и сливници, секако и со поставувањето на новите рабници, ќе се добие современа сообраќајница, рече Трајковски.

Вредноста на реконструкцијата изнесува приближно 1.700,000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Делчево. Градежните работи ги изведува делчевската фирма СД „Транс“, а тие треба да завршат до крајот на месец мај.

DSC 0023_resize

DSC 0028_resize

DSC 0032_resize

Share/Save/Bookmark