Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003_resize

Амабсадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, денеска престојуваше во  Делчево. Во рамките на посетата, амбасадорот Тимоние оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на која се разговараше за приоритетите на локалната власт, меѓуграничната соработка со соседна Бугарија и изборниот процес при што беше потенцирано значењето на одржување на фер и демократски избори што ќе придонесе кон зацврстување на демократијата и огромен чекор напред кон отпочнување на преговорите со ЕУ и продолжување на реформите.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата на амбасадорот што е и прва посета на француски амбасадор на Делчево.

DSC 0008_resize

DSC 0018_resize DSC 0021_resize

- На средбата го запознавме почитуваниот амбасадор со приоритетите на општината како погранично место, со нашите заложби, со актуелните проекти, а го истакнавме значењето на поддршката од ЕУ преку најразлични фондови, посебно инструментот за прекугранична соработка. Во Делчево, француските класици и јазикот се изучуваат со внимание, а францускиот јазик е еден од трите најзастапени јазици во делчевските училишта и него го изучуваат 352 ученици. Се надевам дека оваа прва посета на францускиот амбасадор во Делчево му овозможи подобро да го запознае Делчево и очекувам оваа убава средба да донесе и идна соработка, рече Трајковски.

Амбасадорот Тимоние изразувајќи задоволство од посетата истакна дека Делчево е конкретен пример за добра инвестиција.

-Во Делчево постои конкретен пример за добра инвестиција во иднината што е и европска иднина, а разговаравме и за прекуграничната соработка со Бугарија која е подобрена благодарение на напорите кои ги направи оваа Влада со потпишување на договорот за меѓусоседски односи со Бугарија кој носи не само политичките придобивки, туку и економските, истакна Тимоние.

Тој додаде дека Франција ќе даде конкретна поддршка за што поголемо изучување на францускиот јазик, бидејќи тој е еден од јазиците и иднината на патот во Брисел. Во таа смисла, амбасадорот Тимоние оствари средба и со професорите по француски јазик и со директорите на училиштата, а ја посети и француската библиотека при НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“ и локалниот музеј.

 Во неговата агенда е и средба со претставници од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, како и посета на делчевската фирма „Прогрес“ која има француски партнери. 

DSC 0027_resize

DSC 0033_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...
Објавено на 15 Јануари 2020, 11.13 од Д.Чапевски
2020-01-15-10-14-47 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во с. Град. Како што истакна директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната...
Објавено на 14 Јануари 2020, 13.23 од Д.Чапевски
2020-01-14-12-27-55  Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и...
Објавено на 14 Јануари 2020, 11.08 од Д.Чапевски
2020----- Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.26 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-28-12 Новогодишно украсената елка поставена во паркот кај Езерцата во Делчево, на Стара нова година  беше мета на вандали. Денеска , полуизгорена, таа сведочеше за односот на поединци кон општинскиот...
Објавено на 14 Јануари 2020, 10.01 од Д.Чапевски
2020-01-14-09-02-45 Општина Делчево денеска го објави Јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година. Годинава во Буџетот на Општина Делчево се предвидени 400.000...
Објавено на 13 Јануари 2020, 08.21 од Д.Чапевски
2020-01-14-07-24-00 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по  повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии...
Објавено на 13 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-2020-    Врз основа на член 27 од Правилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и...
Објавено на 10 Јануари 2020, 15.20 од Д.Чапевски
2020-01-10-13-41-32  Советот на Општина Делчево на редовната 34 Седница ја донесе Стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година со што Општина Делчево се запиша како прва општина од крајниот исток...
Објавено на 10 Јануари 2020, 07.54 од Д.Чапевски
-34- 34. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 10.01.2020 (петок) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 08 Јануари 2020, 13.28 од Д.Чапевски
2020-01-08-12-41-01  На 1 јануари во 10, 25 ч во штипската болница се роди првиот жител на Делчево во 2020 година. Новороденчето го носи името Нино и е прво дете во семејството на Наталија и Горан Илиевски од с....
Објавено на 31 Декември 2019, 12.40 од Д.Чапевски
2019-12-31-11-42-09 Делчево ќе гради партнерство со реонот Младост кој припаѓа на еден од најголемите црноморски градови во Бугарија и трет по големина во земјата, Варна. Ова беше договорено денеска на првата...
Објавено на 31 Декември 2019, 11.20 од Д.Чапевски
2019-12-31-10-23-11 Почитувани сограѓани, Ги броиме последните часови од старата година, кога вообичаено, се прави резиме на годината што изминува. Во старата, одговоривме на дел од потребите на граѓаните, цврсто работиме...
Објавено на 27 Декември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-12-27-12-34-17  Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска додели илјада новогодишни пакетчиња на децата од детската градинка „Весели цветови“, пониските...
Објавено на 27 Декември 2019, 08.18 од Д.Чапевски
-2020-    Согласно член 2 точка 8 од Законот за буџети, буџетот на општината претставува годишен план на вкупните приходи и други приливи и одобрени средства и се состои oд основен буџет, буџет на...
Објавено на 26 Декември 2019, 17.01 од Д.Чапевски
2019-12-26-14-23-53     Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336.995.000 денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од...
Објавено на 26 Декември 2019, 13.34 од Д.Чапевски
2019-12-26-12-35-36 По спроведената јавна набавка, Општина Делчево денеска го склучи  Договорот за „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во Делчево“ со...
Објавено на 25 Декември 2019, 13.35 од Д.Чапевски
2019-12-25-12-37-31 На тринаесетта Седница на Советот за развој на Источен плански регион што денеска се одржа во Делчево, градоначалниците го усвоија Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за...
Објавено на 24 Декември 2019, 15.01 од Д.Чапевски
2019-12-24-14-03-53  Во делчевското село Разловци во тек е изградба на нова улица која тангира поголем број жители и ќе реши основни проблеми поврзани со патната инфраструктура на жителите селото Разловци. Улицата е...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1172
mod_vvisit_counterВчера2768
mod_vvisit_counterОваа недела14411
mod_vvisit_counterПретходна недела15476
mod_vvisit_counterОвој месец38260
mod_vvisit_counterПретходен месец76002
mod_vvisit_counterВкупно3227025

Присутни online: 27
Ваша IP: 18.207.240.35
,
Денес: Јан 18, 2020