Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

китки

Нови цвеќарници, саксии и нови цветни аранжмани ќе добијат зелените јавни површини во централното градско подрачје. Деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Секторот за паркови и зелени започнаа со акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација.

Во рамките на Годишната програма за работа на претпријатието, планирано е да се засадат околу 3.500 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл., дел од овие цвеќиња се произвдени од сопствениот расадник на претпријатието. Според информациите од Секторот за паркови и зеленило пролетни цвеќиња се засадуваат на јавните површини во парковите, пред Комерцијална банка, пред Стопанска банка, паркот во Ново Делчево, кај новата црква и пред општинската зграда.

kitki1

Share/Save/Bookmark